Вие би да го исцицате секој атом од човекот-работник, само за вашиот профит да не трпи, им порача пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев на капиталистите, коментирајќи го новиот закон за работни односи со кој денот недела ќе биде неработен за некои од работниците.
Правото на еден НЕРАБОТЕН ДЕН во неделата е старо најмалку 3.700 години (од Мојсеј па наваму). Арно ама, на нашиот „бизнис сектор“ му сметало шо му се чепка у профитот, па ќе го спорел на Уставен суд!?
Ах бе, капиталисти! Вие би да го исцицате секој атом од човекот-работник, само за вашиот профит да не трпи. Вашата алчност не познава граници.
Btw, не само еден, туку законот бара два неработни дена, ама тоа здравје – ко ќе дојде Левица на власт.
p.s. И не заборавајте: If you FUCK the working class, it will only multiply!, порача тој.