Горд сум што во мојот мандат платите на лекарите беа зголемени речиси двојно

Не се познавам лично со Беким Сали, но ќе иницирам средба. Ќе му оставам аманет да биде одговорен и транспарентен, пред сè, кон новинарите, рече министерот во заминување, Венко Филипче.

Тој рече дека е горд што во неговиот мандат платите на лекарите се зголемени речиси двојно.

– Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек и што го укинавме паралелниот увоз на лекови. Сметам дека добро се справуваме со пандемијата. Состојбата е мирна. Нема да правиме дополнотелни рестрикции, изјави Филипче.

Како што рече тој, најмногу жали што не успеал да го изгради Клиничкиот центар.