Connect with us

Македонија

ЗАЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА (ФОТО)

Published

on

Зоран Заев ја поднесе оставката од премиерската функција. Во известувањето до Собранието и спикерот Талат Џафери, Заев напишал дека нема намера оставката усно да ја образложи.

Заев оставката ја најави веднаш по поразот во вториот круг на локалните избори, откако претходно функцијата премиер ја заложи во градоначалничката битката за Град Скопје. Откако го загуби Скопје, но и поголемиот дел општини Заев изјави дека ќе поднесе оставка која неколку пати досега ја одложуваше со образложение дека го чека датумот за преговори со ЕУ.

Откако стана извесно дека Бугарија нема да попушти и да дозволи датум за Македонија, Заев реши да ја поднесе оставката веднаш по годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собрание.

Според документот кој го објави ТВ24, Заев го наведува тоа што го постигнал со Грција кога го смени името и државата стана членка на НАТО. Напиша дека постигнал траен мир, безбедност и економски добробит за народот.

Тој додава дека времето ќе покаже дека оваа негова одлука е во согласност со определбата за одговорност за тешки одлуки.

Наследник на Заев треба да биде новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија

Се разбиваат жариштата на организираниот криминал во Македонија, паѓаат поранешни, актуелни функционери и бизнис моќници

Published

on

Растурени картели, уапсени криминалци, приведени функционери, убијци вратени во затвор каде им е местото. Матни зделки, рекет и изнуди како од јужно-американските филмови биле секое – дневно сценарио во Македонија. Владата најави дека нема да има трошка милост кон организираните групи и разбојниците и почна да води силна борба против криминалот и корупцијата. Нови ќелии ќе треба да се градат доколку сите кои се огрешиле пред законот бидат осудени од правосудниот систем и транспортирани зад решетки. 10-тици предистраги и истраги допрва ќе треба да се срочат во обвинение и за трагедијата во Кочани. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека институциите работат професионално и за првпат пред лицето на правдата се изведуваат сегашни и поранешни функционери.

„За првпат институциите приведуваат, испитуваат, отвораат истраги, без оглед на политичка или етничка припадност“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Проневерите на минатата власт се бројат во милијарди. Сега поранешниот вицепремиер „чист како солза“ се крие по странски имоти многу веројатно купувани од парите на народот кого го лажел со години.

„Ако се проневери еден денар, да скапеме во затвор“ – рече Артан Груби минатата година.

Ексдиректорот на државните игри на среќа, Перперим Бајрами, пак досега со најдебело досие кај обвинителите. Се сомничи за оштетување на државниот буџет од најмалку шест цифри во евра.

Поранешниот директор Васко Ковачевски е осомничен за злоупотреби во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј вредни над 6,5 милиони евра. Наместо да се избори со криминалот, се сомничи дека станал негов предводник во државните електрани. Заедно со себе повлече и засега 22-јца други во случајот „Адитив“. Неговиот шеф со исто презиме, засега е само осомничен од МВР за случајот Лотарија, но не и од обвинителството, идентично како и генералниот секретар од тој владин состав. Газдата на Пуцко Петрол заедно со уште 13 луѓе меѓу кои екс директорот на ЕСМ Ковачевски и бизнисменот Ратко Капушевски се сомничат дека испумпале нешто над 160 милиони евра државни пари, а притоа набавувале штетно гориво со кое го загадувале воздухот. Само Јахоски е во куќен притвор. На тројца, судот им одреди ефективен притвор, а на останатите седуммина им ги одзема пасошите. Кривични пријави беа поднесени и против поранешните директори на Фондот за иновации – Коста Петров и Фестим Халили, за злоупотреба на службената положба, за истото се товари и екс-министерката за Култура Костадиновска Стојчевска.

Во случајот со струмичкиот бизнисмен Крмзов сомневањата се дека биле испумпани милиони од државната каса преку фирми на косовски државјани со измислени имиња преку фиктивен поврат на ДДВ. 9 обвинение и одземање на пасошот за контроверзниот струшки градоначалник Рамиз Мерко. Со лисици на рацете завршија и организирани групи за дрога и за проституција од Охрид и Тетовско, терористичка ќелија основана од 21-годишен гостиварец, а разбиени беа и најголемите кланови во скопското подземје. Полицијата ја растури најзвучната „Беланоца/Барон“, со што се расчистија осум убиства кои биле сторени изминативе години. Се дозна и кој бил кртот од МВР, кој 10 минути пред акцијата, им дојавил на криминалците да бегаат ама се спаси само еден.

Врховен судија и член на Советот на ЈО признаа дека се корумпирани и земале мито оти влијаеле во предмет за екс градоначалнникот Стојчев алијас Боро Малборо. Судијата заврши со казна од само 3 години , обвинителот пак се спогоди за условна. Еден кој требаше да дели правда, местел судски одлуки – Енвер Беџети заедно со Груби заврши на црната листа на САД.

Уапсен беше и ексдиректорот на Истражниот затвор Скопје, Филип Андов, познат под прекарот Сокол и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски. Се товарат за злоупотреба на службената должност и возможување бегство и незаконско ослободување на затвореници. Во последната акција на МВР беша уапсен и поранешниот директор на Државни патишта Ејуп Рустеми за тендер тежок околу 800 илјади евра.

Извор: Алфа телевизија

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Херојството на Јован Костадинов е инспирација за целата нација

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со Јован Костадинов, 19-годишно момче од Виница, кое со својата несебична храброст спаси 21 живот од запалениот објект во Кочани.

„Јован е симбол на новата генерација која знае што значи пожртвуваност и човечност. Во најтешките мигови, тој покажа што значи да се биде човек, да се биде достоинствен и несебичен,“ изјави Мицкоски.

Како признание за неговата храброст, компанијата Алкалоид ќе му додели стипендија, потврдувајќи дека светлите примери во општеството треба да се вреднуваат.

„Јован е светла точка во деновите на темнина. Неговото име ќе остане запаметено, а неговиот пример треба да нè поттикне сите да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија,“ порача премиерот.

Continue Reading

Македонија

Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата се подобрува, се надева на брзо враќање во Македонија (ВИДЕО)

Published

on

Еден од повредените во страшниот пожар што се случи во дискотеката Пулс во Кочани, Иван Нисов, преку видео повик се огласи и ја сподели својата состојба.

Тој моментално се лекува во Полска и вели дека веќе се чувствува подобро. Според неговите зборови, состојбата му е стабилизирана, додека претходно имал проблеми со дишењето.

Според информациите што му ги пренеле тамошните лекари, внатрешно е прочистен, но сè уште прима инхалации, кислород, инфузии и лекови преку нив.

Иван се надева дека наскоро ќе биде отпуштен од болницата и ќе може да се врати дома во Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @supportkocani

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк