Connect with us

Скопје

ФOТO: Дo тeмeл изгope куќa вo Киceлa Boдa

Published

on

До темел изгоре куќата на семејството Атанасовски во скопска Кисела Вода. Информацијата вечерва ја објави градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски.

-Траорна ситуација, тажна и далеку потресна. Во наредниот период сите хумани сили ги насочуваме кон негова помош. Повторно да изградиме дом за Тони, напиша Ѓорѓиевски на ФБ.

Заедно со отец Оливер започнуваат иницијатива за да му се помогне на семејството Атанасовски.

-Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен. Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло. Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме! Домот е столб на хармонија и среќа, така да ќе го изградиме повторно, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Скопје

Полицијата става крај на опасните трки: Одземени возила во Скопје

Published

on

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 17 март привремено одзеде четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „форд мустанг“. Возилата учествувале во нелегални трки на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, две од овие возила се одземени за 90 дена поради создавање на голема бучава, во согласност со член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај. Дополнително, се извршени проверки во станица за технички преглед.

Против возачите на другите две возила се поднесени прекршочни платни налози за техничка исправност и користење на вградени фолии. Полицијата продолжува со строгите контроли за обезбедување на сигурноста на сообраќајот во главниот град.

Continue Reading

Скопје

Два угостителски објекти пуштале музика за време на деновите на жалост, уапсени одговорните лица!

Published

on

Полицијата вчера и денеска лиши од слобода две одговорни лица во угостителски објекти во скопски Центар, бидејќи пуштале музика за време на седумдневната жалост.

„Во Скопје, на 21/22.03.2025 година, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Тие, како одговорни лица во угостителски објекти во Центар, пуштале музика за време на седумдневната жалост прогласена од Владата“, соопшти МВР.

По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со член 387 од Кривичниот законик.

Членот 387 од Кривичниот законик се однесува на делото Организирање отпор и гласи:

„Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

Владата прогласи седум дена на жалост минатата недела по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 59 лица, а 200 се повредени.

Continue Reading

Скопје

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, додели 1 милион денари финансиска помош за семејствата на жртвите во Кочани

Published

on

На вонредната седница на Советот на општина Чаир беше усвоен предлогот за доделување на 1 милион денари за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани. Овој чин претставува израз на солидарност и заложба на заедницата во Чаир за поддршка на оние на кои им е најпотребна по трагичниот настан. Градоначалникот Висар Ганиу ја нагласи важноста на оваа одлука и потврди дека Чаир ќе продолжи да биде покрај оние што се соочуваат со тешки времиња.

Ганиу истакна дека ова е само почеток на ангажманот за обезбедување поддршка и дека е важно секој граѓанин да се чувствува поддржан од институциите и заедницата.

„Почестен сум што можеме да дадеме придонес за помош на овие семејства и убеден сум дека ова е само првиот чекор. Чаир ќе продолжи да биде покрај овие луѓе во секој момент за да ги поддржи во овие тешки времиња. Непоколебливо ќе продолжиме со нашата заложба за обезбедување поддршка и за тоа секој граѓанин да се чувствува поддржан и ценет од заедницата и институциите што ги претставуваат“, напиша Ганиу.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк