Connect with us

Балкан

По околу 40 eвpa за секој бугapcки пензионер доколку се вaкциниpa

И Бугарија се одлучи за мерката за финансиски стимули за вакцинирање откако бројките на имунизираните никако да се зголемат. Премиерот Кирил Петков денеска изјави дека владата ќе додели додаток од 75 лева (околу 40 евра) на пензиите на сите вакцинирани лица над 65 години. Износот ќе се дава без оглед која доза е примена, но ќе биде еднократен.

Оваа мерка нема да важи само за оние кои сега ќе се вакцинираат, туку и за сите кои досега се имунизрале. Што значи дека додатокот на пензиите ќе добијат сите лица над 65 години кои веќе го завршиле целосниот циклус на вакцинација, односно имаат добиено и бустер доза. Програмата ќе трае од 1 јануари до 1 јули. Петков смета дека со ова може да се зголеми бројот на вакцинирани за 300 илјади лица.

„Покренавме кампања за да ги отфрлиме сите митови за вакцините. Сепак, нивото на вакцинацијата кај  нас е најниско во Европа“, рече Петков. Тој додаде дека активната информативна кампања ќе продолжи.

Претходно денеска, премиерот ја презеде улогата на новинар и направи повеќе од 40-минутно интервју со неговата советничка за Ковид-19, проф. Ратка Аргирова. Во него таа вели дека поради ниското ниво на вакцинација, Бугарија може да стане гето за Ковид-19, што ќе влијае на туризмот, економијата и можностите за патување.

Балкан

Евзони повторно блокиран: Грчките земјоделци го стопираат сообраќајот цел ден

Граничниот премин Евзони денеска повторно е во целосна блокада поради штрајкот на грчките земјоделци, кои со протестите го запираат сообраќајот за сите категории возила.

Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, преминот ќе биде затворен во два термина: од 10 до 14 часот и повторно од 18 до 22 часот.

Блокадата предизвикува значителни застои и пречки за патниците и превозниците кои патуваат кон Грција, а засега нема најави кога ситуацијата би можела да се нормализира.

Continue Reading

Балкан

КФОР со засилени операции: Повеќе патроли и поголемо присуство ширум Косово

Мисијата КФОР соопшти дека значително го зголеми своето присуство и патролни активности низ Косово, како дел од редовните обуки и подготовките на своите единици.

„Ова ја демонстрира подготвеноста на КФОР да реагира на сите релевантни безбедносни настани кои би можеле да влијаат на безбедноста на Косово и на регионалната стабилност“, се наведува во соопштението на мисијата.

КФОР истакнува дека преку агилен и флексибилен пристап целосно го спроведува својот мандат согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да обезбеди безбедна средина за сите жители и непречена слобода на движење. Мисијата продолжува да делува непристрасно и во тесна координација со Косовската полиција и Еулекс, во рамките на нивните надлежности.

Од КФОР додаваат дека нивните активности се интегрирани со напорите на меѓународната заедница, вклучително и поддршката на дијалогот Белград–Приштина што го посредува Европската унија.

Командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, останува во редовна комуникација со косовските безбедносни институции, со раководството на Еулекс, како и со началникот на Генералштабот на Војската на Србија.

Continue Reading

Балкан

Опасност од поплави во централна Грција: Жителите добија наредба за подготвеност и можни евакуации

Жителите на селото Иперија во регионот Лариса утрово добија официјално предупредување од грчките власти да се преселат во градот Фарсала поради сериозен ризик од излевање на реката Енипејас, објави „Катимерини“.

Цивилната заштита апелира до сите кои живеат во близина на речното корито да останат во состојба на целосна готовност. Истовремено, предупредувања за можна превентивна евакуација се издадени и во повеќе други населени места, меѓу кои Лефкија, Орфанаса, Ампелонас, Филос и Илиас.

Зголемените водостоји и опасноста од брзо и неконтролирано излевање на реката ја поттикнаа препораката жителите на Иперија навреме да се преместат во побезбедните делови на регионот. Властите ги повикуваат граѓаните внимателно да ги следат официјалните инструкции, да избегнуваат движење во близина на реката и да бидат подготвени за итна евакуација доколку ситуацијата дополнително се влоши.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг