Cпajдepмeн, Бeтмeн, Cупepмeнкa и Дeдo Мрaз ги изнeнaдијa дeчињaтa од Дeтckaтa клиникa

Не ни требаат суперсили за да бидеме нечии суперхерои, а доказ за тоа е Оливер Петрески, кој заедно со неговите колеги алпинисти им приредија едно супер слатко изненадување на децата сместени на Детската клиника во Скопје.

Качувајќи се со јажиња по фасадата на Детската клиника, облечени во костими на Дедо Мраз и суперхероите Спејдермен, Бетмен, намамија насмевки кај дечињата и ги израдуваа со подароци.


Малку треба за да усреќиш некој покажува токму овој хуман гест на Оливер и неговите суперколеги.

Извор: Деца.мк