Connect with us

Македонија

Дa видимe кoj е п*дep, a кoj мaж: Бoки гo пpaви пуздep 3aeв

Бојан Јовановски од затвор испрати писмо до Зоран Заев во кое му поставува многу прашања и го потсетува дека чува многу пораки од нивната комуникација преку апликацијата „Ватс ап“.

Боки тврди дека емисари на Зоран и Вице Заев му се заканувале дека ќе го ликвидираат и оти нема жив да излезе од затвор и оти не се точни тврдењата дека власта финансиски ја помагале 1ТВ.

Напротив, вели Боки Маријан Забрчанец по „стопати“ во денот му се јавувал заедно со Роберт Поповски и му праќал линкови и текстови кои треба да бидат објавени.

Боки го прашува Заев дали не се срами кога вели дека го познава само од телевизија кога пола СДСМ бил кај него дома.

Ви го пренесуваме целото писмо на Јовановски:

Отворено писмо до Зоран Заев

Размислив дали да ве персирам  во ова отворено писмо, па одлучив истото да го започнам на перси, а како ќе завршиме ќе видиме…Неисе, на крајот не важно дали ќе ве персирам или не, важна е суштината на ова писание, а суштината е ВИСТИНАТА, КОЈА ТОЛКУ МНОГУ ВЕ БОЛИ И ПО СЕКОЈА ЦЕНА САКАТЕ ДА ЈА СОКРИЕТЕ СО ПОМОШ НА ВАШИТЕ ПИОНИ, ЛАМФЕРИ, ТОПОВИ И КОЊИ (ќе се препознаат сите кој која фигура е)

На самиот почеток на ова писмо укажувам дека истото е составено од несоборливи и ноторни факти и дека стојам позади содржината под целосна морална, правна и кривична одговорност!!! Сите наводи во ова писание произлегуваат од содржината на мојот телефон и од остварените комуникации на апликацијата what’s app! Вие господине Заев после ова писмо сте должни поради сериозноста на наводите и високиот степен на јавниот интерес да одговорите на секое прашање или на сите наводи или пак господине Заев демантирајте ме, тужете ме, докажете дека не ја говорам вистината и гонете ме! Не ви се плашев и не ви се плашам воопшто и покрај заканите кои ми ги пративте вие и вашиот брат Вице Заев преку ваши емисари и потрчковци дека ќе ме ликвидирате и дека нема жив да излезам од затвор, јас денеска при чиста свест и силна волја ви се обраќам и ќе ве соголам пред јавноста аргументирано и со факти. Машки ви се обраќам Зоране Заев и ве молам машки да одговорите, нели ме нарековте п*дер во месец Август 2019 година, па еве сега прилика да видиме кој е п*дер ако кој маж, по карактерна особина де, така нели мислевте кога ме навредивте јавно и гнасно, простачки и најдолно?!?!

Елем, мене вашата оставка не ми значи ништо ама баш ништооо, таа театарска оставка поделена во повеќе драмски чинови е само ваш нов лукав политички маневар, маневар за спас, а не чин на одговорност и демократија, ма каква црна демократија, вие сте најпластичниот пример кој што ќе го памети оваа држава по анархија, предавство, криминали, корупција и лаги, а најмалку по вистинска демократија!!! Мене Зоране Заев ми значи само понесување на ваша кривична одговорност и согласно закон добивање на правна последица за сето сторено во изминативе години!!! Вашата оставка поднесена како чин од морален карактер е смешна, бидејќи веќе е докажано дека вие сте последниот кој може да се повика на морални и етички вредности. Така да Зоки доста ги лажете луѓето никој не ви верува, дури ни оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат, не ви веруваат! Доста веќе со замајување и со платена пропаганда од твои новинари кои ги раководи Марјан Забрчанец. Меѓудругото за волја на вистината и мене ме раководел истиот тој Марјан Забрчанец додека постоеше 1ТВ, па така на дневно ниво по 100 пати ми испраќал текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер! Е тоа се вашите методи, но полека ќе стигнеме до секоја точка што мораме да ја разјасниме во ова писмо! Комуникацијата помеѓу мене, Марјан Забрчанец и Роберт Поповски тогашен некаков министер за транспарентост и отчетност се одвиваше на what’s app апликацијата, а јас не сум избришал ништо, од комуникацијата може да се види бруталната злоупотреба на медиумите за потребите на власта, за твоите лични потреби господине Заев, за спас на твоите политики.

И да, 1ТВ немаше добиено ниту еден денар од државата или пак од СДСМ, заради тоа што кога некој ве снимал кажавте дека сте ми помагале со финансии за одржливост на телевизијата, лажете како и секогаш, лажете и гледате во очи, лажете без пардон, лажете до коска и ја ставате раката на срце, вие сте патолошки случај со минахаузенов синдром, лажете и кога не треба и верувате во сопствените лаги!!!

Во ова писмо ќе ве потсетам на важни дејствија каде вие сте главен актер, на сите ваши свесни манипулации, на вашата поврзаност со повеќе лица од криминалното подземје, на ваша директна поврзаност со случајот Рекет, но и со други криминогени активности од ваша страна, па во тоа име ќе ви поставам прашања и тези, кои ако не сега еден ден ќе морате да ги одговорите, ве уверувам во тоа!!!

Сега Зоране Заев одиме по ред!

Одговорете и на јавноста колку бизнисмени изрекетиравте уште пред да станете премиер со проектот ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА кога ги пуштавте таканаречените бомби?!?! И тогаш селективно пуштавте бомби, оние бизнисмени што ви платија не ги пуштивте јавно и не ги предадовте нивните снимки во тогаш формираното СЈО!!! Сакате пример со доказ, еве ви пример повелете… Лицето Силјан Мицевски бизнисмен од Битола наводно измамен од мене во случајот Меѓународен Сојуз, но за тој случај ќе се објасниме во друга прилика. Бил прислушкуван и за него имало многу снимки од различен карактер. Вие стапувате во контакт со споменатиот Мицевски преку Александар Кирацовски и во име на партијата му барате пари за да не ги објавувате спорните снимки (па затоа објавувате само една каде зборува со Чинговски за изборен процес). Во тоа име и по ваша изнуда и уцена споменатиот Мицевски во Струмица ви ги носи и предава првите 250.000 евра во кеш, демек помош за партијата и тоа е само почеток и прва транша и кеширање од страна на Силјан Мицевски, за останатите транши вие подобро си знаете и ќе мора да одговорите! За изнесеното има повеќе сведоци, но постои и материјален доказ во мојот телефон каде лично Силјан Мицевски ми го кажува горенапишаното во мојата канцеларија во директен разговор со мене. Во продолжение на разговорот вели дека џабе ги добива тендерите од РЕК Битола кога мора повеќе да ви плати за добиените тендери, отколку што тој наплаќа од тендерот за ископи во РЕК Битола!!!

ВНИМАНИЕ!!!

Вашиот брат Вице Заев, откако Силјан Мицевски го добива тендерот во РЕК Битола веднаш стапува лично во контакт со него, на средба во Битола и веднаш му бара пари поради добиениот тендер во РЕК Битола. Средствата во милионски износ вашиот брат Вице му ги бара на Силјан веднаш пред да биде исплатен добиениот тендер! Знаете за ова господине Заев, така нели?! Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари (стотици илјади евра) од страна на Силјан Мицевски кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен Сојуз. Лицето по име Кире кое ги земаше парите во кеш во два наврати возеше бело ауди со струмички таблици и беше играч на вашиот брат Вице Заев и вие одлично го познававте тоа лице!!!

Силјан Мицевски во една прилика ми вели, цитирам: “Овие се без усул, поиќе ми зедоа него што треба да наплатам”!!! Еее па Зоране и оваа изговорена реченица ја има во мојот телефон како  материјален доказ, како и се друго што наведов и што ќе наведам во ова отворено писмо!

Вакви слични примери има со повеќе лица и компании, добро знаете каде и кого се пустошевте како што милувате да кажете ЗА ТИЕ ПУСТИ ПАРИ! А да, Силјан му даде и на Александар Кирацовски тогаш генерален секретар на СДСМ едно убаво плико полно со евра како знак на благодарност за тендерската документација и позитивната одлука на тендерската комисија. Го уништивте човекот! И потоа јас сум рекетирал и сум земал пари, срам ве било!!!

Одговорете дали преку мене стапивте во контакт со покојниот Жарко Луковски и за што се гледавте во премиерскиот кабинет? Одговорете дали договаравте мултимилионски проекти со вртоглави незаконски провизии кои Луковски требаше да ви ги исплати и дали вие го делегиравте Драги Рашковски како ваш човек од доверба кој беше задолжен за спроведување на мултимилионските проекти и за исплатите на провизиите односно коруптивните награди од Жарко Луковски?!?!

Одговорете дали на прашање од Жарко Луковски со кого да ја продолжи работата вие му велите дека е најдобро со Рашковски?! Е за овој бизнис не сакавте да знае вашиот брат Вице Заев бидејќи и тој го имаше таргетирано Жарко Луковски, кој исто така беше таргетиран и од еден ваш друг близок соработник! И за ова Зоране Заев ја имам целата комуникација од what’s app апликацијата помеѓу вас и покојниот Луковски бидејќи тој ми ја испраќаше во форма на screen shot на мојот телефон на what’s app апликацијата! Нема бегање од вистината!!!

Одговорете дали Зоран Милевски ви беше човек од доверба, на кој му поверувавте извршни задачи од удбашко/криминален карактер?! Со лицето Зоран Милевски Кичевскиот имавте исто така средби во премиерскиот кабинет, па така ви ја носеше и Ана Камчева, други обвинети во предметот ИМПЕРИЈА, разно разни самонаречени инвеститори од земјава и странство, дилери на наркотични средства… Знаете ли Зоране Заев дека истиот тој ваш омилен извршител ве снимал цело време и вас, па така да ве потсетам дека јас во тоа време со дотичниот бев во многу блиска релација па ме информираше за сите негови активности и задачи кои ги извршуваше за вас. Горделиво зборуваше за вас, но сепак и вас ве снимаше! Неколку примери ќе издвојам за вашите релации и комбинации со Кичевскиот! Местењето на изборните резултати за претседателските избори кога едвај победи Пендаровски за охридскиот регион одеше се  преку вашиот омилен Зоран Милевски Кичевскиот. Покрај претседателските избори имаше и локални избори во Охрид па така градоначалник бидна тој некој Константин. Повторно по макотрпна работа на Кичевскиот и манипулирање со група гласачи египјани. Па вие лично го испративте Киевскиот да го снима Мицкоски, а тој како докажам сервилен лигуш се правеше како што ќе му наредевте, но за волја на вистината за возврат си добиваше многу работи за кои ќе зборуваме во друга прилика! Имам јас уште многу да кажам за фантомот Зоран Милевски Кичевскиот и за фамозната LV торба, полека ќе дојде време!!!

Одговорете дали ми имате испратено порака на апликацијата what’s app со следна содржина: Дали СМ (Сашо Мијалков) ќе гостува во телевизија и дали ќе повика за референдум? Оваа порака ми ја испративте додека јас бев на ручек со Мијалков во хотелот Мериот (месец Јуни 2018) со кој договарав и преговарав за телевизиско интервју во 1ТВ, а подоцна по ваш налог почнав да преговарам за референдумското прашање, за делувањето на Мијалков против раководството на ВМРО ДПМНЕ и јавните писма против Мицкоски?!?!

Вие точно знаете дека Мијалков прво на мене ми ги испраќаше писмата кои подоцна ги пласираше во јавност против Мицкоски? Да појаснам, прво вие со лицето Сашо Мијалков имавте посредна комуникација преку извесно лице по име Столе, па потоа посредната комуникација се одвиваше преку мене за на крајот да имате лична и директна комуникација! Елем, се сеќавате ли што се договоривте со Мијалков откако ја започнавте вашата лична комуникација? Ви бараше ли Мијалков да му завршите работа за да му биде вратен пасошот кој му беше одземен по барање на СЈО?! Се сеќавате ли дека се договоривте со Мијалков за кои предмети ќе биде осуден (поради јавноста)?! Се сеќавате ли како и се деревте на Катица Јанева што ги притворила Камчев и Мијалков за случајот ИМПЕРИЈА, месец Ноември 2018? Бевте избезумен поради тоа што токму тие двајца ви ги обезбедувале потребните пратеници за гласање на уставните измени?! Се сеќавате ли дека на денот на притворот на Камчев му се јавивте на Иван Џолев за да ја отворат гаражата од судот да не биде Камчев фотографиран и снимен како е носен во кривичен суд по повод притворот за ИМПЕРЈА?! (не постои ниедна фотографија или пак снимка од Камчев кога го доби притворот за Империја, аналогно на ова само Цветан Панделевски беше фотографиран и снимен). Се сеќавате ли колку пати беа во вашиот кабинет Зоран Милевски Кичевскиот и Камчев уште летото пред да биде отворен предметот ИМПЕРИЈА?! Одговорете јасно што се договаравте со Јордан Камчев кој за вас во еднаш тогаш дадено интервју кажа дека сте најдобриот премиер што го имала нашата држава.

Дали вечерта додека се одлучуваше за притворот на Камчев по предметот Империја и се јавивте лично на судијата Весна Димишкова да и влијаете да не одреди притвор туку други мерки и за возврат и ветивте повисока судиска функција?! Овој одговор го има во податоците во мојот телефон!!!

Одговорете сега кои се тие ваши заеднички, ваши и на Камчев бугарски пријатели кои ја организираа операцијата наречена РЕКЕТ која беше извршена од Русковска и со која операција е нарушен суверенитетот на државата?!кажете во какви бизнис релации сте со тие лица од соседна Бугарија и колку нечисти пари имате избројано, па сте им должни по повеќе основи?!

Одговорете зошто тој директор на тогашната УБК Горан Николовски Џони не преземал никакви службени дејствија кои морал да ги преземе по слово на законски надлежности овластувања? Доколку споменатиот Џони (со надимак како маалско куче) преземел службени дејствија не мораше да биде целиов циркуз, нели така? Сега ќе имавме познат сторител фатен на дело со пари во рака, а не вака една правна расомонијада!!! Но сега ви поставувам и конкретно многу суштинско прашање, дали Џони ве штитеше од сторен криминал вас лично и вашиот брат Вице Заев па затоа денес јас сум во затвор наместо вие и вашиот брат, господине Зоран Заев?!

Се сеќавате ли Зоране Заев дека ми кажавте дека можете да го згаснете СЈО кога и да посакате бидејќи Катица Јанева со нејзиното делување ви правела политички проблем?! Категорично тврдам дека СЈО го згаснавте вие и вашите пајташикримоси, а знаете зошто и кои ви беа вистинските побуди да не постои СЈО!

Одговорете и на јавноста заради што ја викавте Катица Јанева во вашиот кабинет и на кој начин ја уценивте да му го врати пасошот на Јордан Камчев (кога се појави некаков спортски натпревар надвор од државата).

Признајте дека вие извршивте влијание таа да даде позитивно мислење за издавање на времен пасош на Камчева, судот тоа го одобри тоа е во месец Април и Мај 2019 година, баш во критичниот период за кој јас бев обвинет а денеска осуден. Осуден сум токму под истата околност дека сум и влијаел на Катица да му го врати пасошот на Камчев, а вие Зоране Заев го сторивте тоа бидејќи бевте во прљава криминална шема со лицето Јордан Камчев. Јас немав никаква врска ниту со пасош ниту со пуштање од притвор на Камчев!!! Вие ја уценивте Катица Јанева и за пасошот на Камчев и за пуштањето од притвор на Камчев и Мијалков вие Зоране Заев имавте реален авторитет поради вашата премиерска функција па на тој начин можевте да извршите влијание врз Катица Јанева, а не јас!!! Јас сум имал комуникација и дружење со Катица и тоа не го порекнувам и стојам позади што било!!!

Јас сум имал состаноци и со Камчев и со други лица, од бизнис секторот, јас сум водел медиум и на мене како приватник ми доликувало да преговара со бизнисмени и да се договарам со нив за пари и рекламирање, но на вас Зоране Заев не само што не ви доликувало туку ви било забрането согласно Закон затоа ќе сносите кривична одговорност кога тогаш!!!

За мене скоро па сите од СДСМ велевте дека не сте ме познавале, дека сте ме познавале само преку телевизија, па потоа дека сум ве злоупотребувал. Ма немојте ве молам, па нели се срамите, имате ли тронка човечко достоинство? Инаку да, во една прилика во мојот дом покрај сите други кои биле на гости, беа Радмила Шекеринска и Катица Јанева и точно е дека никогаш со Радмила не сум зборувал за никаков Орце, за никаква ИМПЕРИЈА, за никаков Мијалков, туку зборувавме за носењето на Законот за СЈО кој беше во подготвителна форма, а доказ за истото постои во мојот телефон во мојата маил комуникација каде Рената Дескоска ни го испрати предлог законското решение кое го емитувавме во вестите на 1ТВ. И токму така беше, Радмила е една од ретките чесни и достоинствени политичари која веројатно се згрозувала од вашите заевистички пазарења и криминали!!!

Кога сме веќе кај гостите што доаѓале кај мене ги има повеќе на број, но ќе дојде ред па ќе објаснам за секого и се што ќе биде потребно за кристализирање на многу односи, релации и недоречености кои лебдат во воздух.

Господине Зоране Заев се сеќавате ли како присилно ме натеравте да напишам писмо додека бев во Шутка каде што ќе го величам вашето име и ќе напишам дека немате врска со случајот рекет??? Е тогаш ме натеравте присилно да пишувам писмо, ми го уништивте семејството, го инкриминиравте мојот татко во кривични процеси само поради притисок врз мене, ми ја уништивте телевизијата, ме оцрнивте и од мене направивте најголем злосторник и криминалец, но ете дојде ден кога своеволно ви го пишувам ова писмо полно со факти и аргументи!

Па затоа на самиот крај ви поставувам уште едно прашање… господине Зоране Заев до кога мислите да се правите луди за наводното бегство на Никола Груевски?!?! Категорично и недвојбено тврдам дека вие сте оној кој му помогна на Груевски елегантно да си замине во Будимпешта!!!

На мене лично ми кажавте дека тоа е политичко решение!!! И затоа тишина и никогаш повеќе не го споменувајте бегството на Груевски!!!

Имам уште многу теми, тези, прашања и одговори но ќе ги оставам за следно продолжение. Што се однесува до Меѓународен сојуз и целиот тој случај ќе се видиме очи во очи на суд па ќе ви поставам директни прашања поврзани со случајот каде на обвинителна клупа седат невини луѓе!!!

Во смисла на сето ова што го напишав во ова отворено писание, подготвен сум да одговора на сите овие теми на секое прашање при полиграфско испитување, пред целата јавност, во име на вистината!!!

Знаете зошто апелацискиот суд ни ја потврди правно безмислената и катастрофална пресуда за предметот Рекет донесена од братучетката на Иван Џолев, судија Васка Николовска Масевска??? Само поради вашето влијание и вашите притисоци да не се дознае вистината и утврди вашата вина!!!

Јас лежам невин, осуден без доказ и со прљава пропаганда!!! Не дек јас сум цвеќе за мирисање, но во споредба со вас сум мало бебе!!! Тоа што сега од страна на МВР и Русковска мистериозно се исчезнати комуникациите од апликацијата what’s app од мојот телефон е јасен показател за вашиот страв, но не заборавајте сите вие дека уништување на доказен материјал е тешко кривично дело па така сите учесници колективно ќе си одговарате!!!

Господине Зоране Заев наместо да се подготвувате после оваа театарска оставка да возите мотори со Филипче, подгответе си адвокатски тим и подгответе добра одбрана, ќе ви биде потребно!!!

После ова отворено писмо, барам од државата неприкосновена заштита на мојот физички интегритет а воедно и заштита на членовите на моето семејство и блиски луѓе до мене, поради сериозноста на изнесеното и поради познавањето на структурата личноста на која е наменето ова писмо, барањето е основано и неопходно!!!

Случајот РЕКЕТ не е завршен, тек започнува…

Продолжува…

TO BE CONTINUED…

Срдечен поздрав,

Бојан Јовановски

Advertisement

Македонија

Фатен камион со скриени икони и верски предмети на влез во Македонија

Царинската управа открила обид за шверц на икони и други верски предмети на граничниот премин Дојран. При контрола на товарно возило минатата недела, царинските службеници пронашле вкупно 842 различни верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед. Стоката била сокриена во 16 кутии и една ќеса во товарниот дел од камионот.

Според соопштението на Царинската управа, откриените производи не биле прикажани во царинската документација. Нивната вредност изнесува 899.460 денари, додека избегнатите давачки се проценети на 327.067 денари.

На фотографиите објавени од царината јасно се гледа дека меѓу запленетите предмети има и голем број икони.

Continue Reading

Македонија

Чучуљ: Комисијата за борба против корупција ќе постапува без разлика на политичката припадност

Новиот претседател на Антикорупциската комисија, Адем Чучуљ, истакна дека Комисијата ја поздравува секоја иницијатива за борба против корупцијата и ќе постапува секогаш кога има основ за тоа, без разлика дали сигналите доаѓаат од власта, опозицијата или граѓански организации.

– Ја поздравуваме секоја иницијатива за борба против корупцијата, било да е од политички партии, здруженија на граѓани или медиуми. Ќе ги следиме сите јавни настапи и секогаш каде има основ за постапување, ќе постапуваме. Сепак, треба да се има предвид дека ДКСК е превентивно тело и нашите капацитети за истраги се ограничени, појасни Чучуљ во вечерашното гостување во централниот дневник на „Сител“.

Во врска со најавите на опозициската СДСМ за објавување на снимки за наводни коруптивни активности на власта, Чучуљ рече дека Комисијата ќе ги разгледува сите случаи каде постои основ за постапување.

На прашањето за можноста да се ревидираат предметите од мандатот на претходната претседателка, Чучуљ рече дека нема потреба за тоа бидејќи сите одлуки биле донесени на јавни седници со мнозинство гласови. Дополнително, тој појасни дека распределбата на предметите е електронска и се врши според принципот на ротација, што ја елиминира можноста за влијание од страна на претседателот.

– Претходната претседателка ја смени распределбата на предметите во позитивна насока – по случаен избор, наместо по азбучен ред, што значи дека системот ги распределува предметите без влијание на претседателот, подвлече Чучуљ.

За својот избор за претседател и едногласната поддршка од пратениците, Чучуљ рече дека е изненаден и благодарен и ја гледа оваа поддршка како морална и професионална обврска да ја оправда довербата.

Тој најави и поголема транспарентност кон медиумите, со редовни брифинзи по една или две седници и подготовка на нова стратегија за соработка со јавноста.

Continue Reading

Македонија

ПАРКИРАШ „САМО МИНУТА“? КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ – КАЗНИ И ЗА ТЕЛЕФОН!

Главната цел на проектот „Сејф сити“ е да се обезбеди што поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, како и на пешаците. Бројот на паднати опомени покажува дека граѓаните реагираат позитивно, вели Сашо Топаловски, началник во СВР Скопје во интервју за порталот „Република“.

Тој најавува дека граѓаните со казната ќе добиваат и фотографија од прекршокот. Системот може да го слика и целото возило, може да го слика и горниот дел заедно со таблиците. Кога се поминува на црвено светло се снима задната таблица и ќе се гледа задната шофершајбна и моментот на поминување на црвено светло.

Топаловски потсетува дека жолтото светло не е за поминување, туку за возачот да се подготви да застане. Речиси сите сообраќајници во Скопје се направени со трепкач на зеленото светло, тоа трепка три пати пред да се вклучи жолто светло.

– Жолтото светло и законски е наведено дека не е за да поминете туку за да застанете. Ако вие како возач го забележите жолтото светло, немате да кажете зошто сте поминале, не сте безбедни самите вие. Жолтото светло е за да ве предупреди дека треба да застанете. Вие може да поминете на зелено и кога ќе поминувате на раскрсницата тоа да стане жолто и тогаш нема да ве регисрира системот. Камерата има прецизна зона каде треба да се најде вашата таблица, каде треба да навлезе вашето возило во раскрницата после пешачкиот премин за да ве сними заедно со црвеното светло. И тука има непобитен доказ, го гледате вашето возило со регистрацијата влезено во раскрсницата и горе го гледате црвеното светло. На жолто светло се кочи и се припрема за следното тргнување. Можеби и на другата страна некој истото го вика ако помине на жолто – објаснува Топаловски.

Нема можност за човечко влијание

Началникот објаснува дека системот Сејф сити е проектиран да не може врз него да влијае човечки фактор и сѐ прави сам. Внесува податоци, ја испраќа пораката, снима и го пакува во фајл.

– Нема можност човек да ве извади од систем за да не добиете порака и прекршочен платен налог – уверува Топаловски.

Тој потсетува дека законската регулатива за движење во градска зона е 50 и дека сите инженери проценуваат дека при таа брзина секоја реакција на возачот е благовремена и смртните последици се невозможни.

– За од 0 до 10 километри на час казната е 10 евра или на половина 5, или онаа што е над 10 километри на час до 30 е 45 евра. Тоа се казни за да ви текне дека правите грешка и дека таа грешка може да биде кобна. Сега само тестираме дали со 52 или 55 го добивааме нивото на безбедност. Ова и ние го знаеме и заедно со граѓаните планираме статистички да пресметаме и да објавиме кој систем на нивелација ќе го избереме. И камерите кои се нивелирани во Биро за метрологија покажуваа нивелација од еден до два проценти. Ги анализираме сите европски земји и заедно со граѓаните во една јавна дебата ќе одлучиме. Толеранција има и на сегашните радари. Да не се тревожат траѓаните, ова е тест фаза – вели Топаловски.

Ќе се казнува и за зборување по телефон

Тој вели дека ќе се казнуваат сите вообичани прекршоци што се прават во сообраќајот, како што се полукружно вртење, каде што не е дозволено, погрешно престројување, а понатаму ќе се воведуваат казни и за зборување на мобилен телефон. Началникот предупредува и да се почитува забраната за паркирање и застанување на сообраќајници на кои тоа е строго забрането.

– Ги замолувам граѓаните на тие места да не запираат и паркираат, макар и привремено затоа што има и други места каде што законски може три или пет минути да се застане. Системот понуди решение, а тоа се специјализирани полициски возила кои се опремени со камери кои се поврзани со системот „Сејф сити“. Во нив полициски службеник кој управува и полициски службеник кој го гледа мониторот, поминуваат по главните сообраќајници и ги сликаат сите возила кои се паркирани, а возачите пијат кафе. Додека го пијат кафето ќе им стигне порака дека штотуку им стигнал прекршочен платен налог. Тогаш ќе сфатат дека наместо да платат кафе кое ќе чини 1.500 денари ќе биде подобро да се паркираат на безбедно место и кафето да ги чини многу поевтино – вели Топаловски.

Ако баба лаже, снимката не лаже

По сторувањето на сообраќајниот прекршок во рок од 24 часа стасува порака. Возачот има рок да го отвори линкот. Ако не се отвори пораката за 24 часа, стасува нова која ќе го потсети дека има порака за која има рок од 8 дена да ја отвори.

– Кој ден и да ја отворите пораката од тој ден почнува рокот за приговор. Ако ја отворите пораката петтиот ден имате 8 дена да ја платите пола и да завршите или да се жалите дека не сте возеле вие, да го донесете лицето или да донесете изјава кој возел. Сето ова е во рокот од нови 8 дена. Жалбената постапка во судот за прекршоци е на товар на оштетениот. Вие треба да отворите приговор a наш е товарот за доказната постапка пред судот. Кога ќе се спореди снимката другата страна нема да има аргументи. Ако во рок од 8 дена не ја отворите пораката, во следната порака ќе ви стигне дека сте го изгубиле рокот за плаќање половина сума. Следните 8 дена ви се за плаќање цела сума или да вложите приговор кон МВР што оди во суд. Ако и во вторите 8 дена, не ја отворате пораката, тогаш го губите правото на првите 8 дена за пола сума, го губите правото на вторите 8 дена бидејќи не сте ја отвориле пораката, не се интересирате, ниту сте поднеле приговор. Во тој случај МВР преку системот на УЈП ќе ви ги одземе парите од сметка. Не се исплати за 5 евра или за 23 евра да влегувате во доказна постапка, да правите трошоци и на крајот да ви докаже судот дека ве има на слика, што е непобитен доказ. Треба да сфатите дека сте направиле грешка, тоа е идејата и да си речете од денеска ќе почнам да возам правилно. Ако сте ја заслужиле невозможно е да избегнете плаќање на казната – вели Топаловски во интервју за порталот „Република“.

Лани во Македонија имало 142 жртви во сообраќајот. Во првиот ден од тест фазата на системот „Сејф сити“ во Скопје беа регистрирани 110.000 прекршоци, а веќе вториот ден беа преполовени. Тоа значи дека граѓаните реагираат на промените и дека расте свеста за безбедноста во сообраќајот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг