ECM ќe штeди co пpaќaњe paбoтници нa ПРИНУДEH OДMOP

 ЕСМ испраќа работници на принуден одмор. Ќе добиваат 30 проценти пониска плата, најмалку три месеци. Од компанијата велат, воведуваат мерки на штедење за да ги намалат трошоците во време не енергетска криза.

АД ЕСМ праќа работници на принуден одмор. Ќе добиваат плати пониски за 30 проценти. Од компанијата информираат дека ваквата состојба нема да трае повеќе од три месеци и претставува мерка на штедење. Целта е, велат од ЕСМ да се намалат  непродуктивните трошоци и да се  реализацира  производниот процес со што помалку материјални и човечки ресурси.

„Во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно согласно Законот за работни односи,  со исплата на 70% од платата“, велат од ЕСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ критикува дека од една страна се праќаат работници на принуден одмор, а од друга страна, ЕСМ ангажира лица преку Агенцијата за привремени вработувања. Според партијата, ова е показател дека одлуката има цел да се казнат партиски непободните кадри.

„Власта преку Ковачевски има намера да ги казни партиски неподобните во ЕЛЕМ, а во исто време да вработува нови привремени вработени. ЕЛЕМ само пред неколку месеци вработуваше и сега уште вработува преку агенции за привремени вработувања, а во исто време безмалку отпушта вработени. Јасно е дека таквите списоци за казнување на вработени ќе бидат пополнети со лица кои немаат партиска книшка на СДСМ“, изајви Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен оваа мерка, од ЕСМ информираа дека намалени или целосно запрени се спонзорствата, репрезентациите, службените патувања кои не се поврзани со производството на струја, а дневниците се на половина износ.