Oхрид мaгичeн вo пpecpeт нa Нoвoгодишнитe пpaзници (Фoтo гeлepиja)

Охрид заблеска во Новогодишниот сјај. За украсувањето на централното градско подрачје преку јавен повик ангажирана беше фирмата „Металват. Украсени се улиците „Македонија“ и „Македонски Просветители“, градскиот кеј и градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.

Украсување на булеварот „Туристичка“ и останатите сообраќајници во градот се искористија светлечки реквизити кои се во сопственост на Општина Охрид. Истите беа поставени од екипите на ЈП „Охридски Комуналец“.