Шaнcитe дa зaвршитe вo бoлницa сe oкoлу 80% пoмaли

Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делта варијанта во Македонија, пишува проф. д-р Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил.

– А зошто се крева толкава прашина и се влева страв? Ако во моментов ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од омикрон варијантата здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4000 новозаразени бидејќи заболените воглавно би лежеле дома.

Каде е тогаш проблемот? Ако просечното траење на ковид-19 е околу десет дена, тоа значи дека секој ден во подолг временски период би имале околу 40 000 активни случаи, што мора да се согласиме дека може да создаде сериозни економски импликации и голем број отсутни работници од своите работни места.

Токму затоа, поради сериозните импликации врз бизнисот, е големата паника која владее во ЕУ и САД, од омикрончето.

Човекот во западната цивилизација оддамна ја изгуби битката со неговото височество профит, стои во неговата објава.