Connect with us

Свет

Швaрцeнeгep co гoлeм хумaн пoтeг: Дoнирaшe 25 кyќи (ФOТO)

Арнолд Шварценегер не е само акционен херој во неговите филмови, туку и вистински херој.

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, во духот на Божиќ им помогна на своите сограѓани и донираше 25 домови за бездомните ветерани, мали монтажни куќи целосно опремени за живот.

На социјалните мрежи, Арни објави дека ја посетил заедницата во Лос Анџелес каде што помогнал да се изградат „станбени структури за оние кои и служеле на татковината“. На една од фотографиите Шварценегер разговара со постар маж на вратата од неговиот нов дом, а на другата прави селфи со поранешни војници.

– Денеска го прославив Божиќ малку порано. Затоа што, 25-те домови што им ги подарив на ветераните конечно се поставени во Лос Анџелес. Беше фантастично да се помине малку време со нашите херои и да им посакаме добредојде во нивните нови домови – напиша „Терминатор“ и се заблагодари на непрофитната организација „Вилиџ за ветеринари“ која се грижи за поранешните американски војници во САД, особено за сиромашните и бездомниците. Секоја од куќите чинела 10.000 долари.

Свет

Координирана акција низ Европа против Балкански картел

Тројца лица се уапсени, а имот во вредност од над пет милиони евра е запленет во рамки на координирана полициска акција против припадници на т.н. Балкански картел во Германија, со поддршка на Европол.

Истражувањето го вклучи органите за спроведување на законот од Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија и Србија. Според Европол, криминалната ќелија била одговорна за транспорт на повеќе тони кокаин од Колумбија, користејќи различни методи за шверц низ Европа.

Покрај трговијата со дрога, членовите на картелот се занимавале и со перење пари преку различни компании и инвестиции во недвижен имот во повеќе земји, како во рамките на Европската Унија, така и надвор од неа.

Continue Reading

Свет

Западот спречил десетици страшни руски саботажи низ Европа

Европските разузнавачки служби тврдат дека во последниот период спречиле низа саботажи кои, според нив, биле планирани од Русија. Меѓу целите на заговорите се наводно уривање товарни авиони, труење водоводи, подметнување пожари и напади на инфраструктура, како и активирање прикриени агенти низ континентот.

Разузнавачките извори за „Фајненшл тајмс“ посочуваат дека руската кампања вклучувала експлозивни пратки испратени преку меѓународни курирски служби, кои експлодирале во логистички центри во Велика Британија, Полска и Германија. Според извештаите, секоја пратка имала доволно моќ да урне товарен авион доколку детонацијата се случела за време на лет.

Безбедносните служби велат дека биле спречени и обиди за саботирање преполни патнички возови, подметнување пожари во трговски центри, напади на хидросистеми и брани, како и труење водоводи. Исто така, биле идентификувани лица кои делувале како „заспани“ агенти со зададени мисии за диверзија.

Покрај тоа, земјите во Балтикот се соочиле со прекини на подводни кабли и серија координирани кибернапади, кои западните служби ги гледаат како дел од пошироката кампања.

„Уште не сме свесни колку многу работи се случуваат зад кулисите“, изјави Киир Џајлс од „Чатам хаус“, нагласувајќи дека целосната димензија на руските тајни операции сè уште не е разоткриена.

„Ројтерс“ пренесува дека западните разузнавачки служби забележале „остра ескалација“ на хибридните активности кои, доколку успеат, би можеле сериозно да ја загрозат европската инфраструктура и човечките животи.

Continue Reading

Свет

Тензија кај Венецуела: американски специјалци запленија брод

Американската крајбрежна стража спроведе операција во која заплени танкер во близина на Венецуела, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори.

Функционерите не открија повеќе детали за самата акција, ниту за името на танкерот и точната локација каде што било извршено пресретнувањето.

Крајбрежната стража ги упати новинарите на Белата куќа за дополнителен коментар, но засега нема официјален одговор.

Се очекува повеќе информации во наредните денови, додека медиумите шпекулираат за причините и можните последици од акцијата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг