Connect with us

Македонија

Mexмeти: Вo овaa Мaкeдoнија кaдe сe cкандирa ,,Cмpт зa Aлбaнцитe”, кoнeчнo зaвpшив прeд cудoвитe

Published

on

Ким Мехмети на Фејсбук:
Судот и обвинителството се занимаваат со најголемиот криминалец во Македонија – Ким Мехмети ?! Кој вели дека во Северна Македонија нема правда и дека судските институции не се ефикасни?


Откако оваа држава успеа во битката против криминалот и кражбите, започна битката против нас кои го „навредуваме“ македонскиот народ кој го брани познатата партија ЛЕВИЦА!


Накратко, во оваа Македонија се скандира „Смрт за Албанците“ и „Само мртвиот Албанец е добар Албанец“, конечно завршив таму каде што ми е местото – пред обвинителите и судовите на оваа земја каде што и по улиците тече правда.


Не знам зошто се чувствувам почестен што сум тужен и обвинуван од ЛЕВИЦА, партија која смрди од антиалбанство и предизвикува повраќање секогаш кога ќе ѝ го слушнам името, а не пак да се расправам со нејзе.


Како и да е , ги повикувам сите македонски ЛЕВИЦИ и ДЕСНИЦИ да ги здружат силите и да ме тужат, бидејќи немам време да се занимавам со нив една по една.


Во меѓувреме, им ставам до знаење: и да се внуци на Ленин, а не оваа смешна ЛЕВИЦА каква што е, никогаш нема да ја реализираат нивната цел – да ме замолчат.


Попатно: Не знам каде отиде двојазичноста и зошто поканата за појавување во Јавното обвинителство е напишана само на македонски јазик?

Македонија

Сиљановска Давкова: Европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди

Published

on

Европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди, со нови барања и услови коишто не им биле поставени на други држави, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на панелот „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“, во рамки на 12. Глобален форум во Баку.

Порача дека не отстапуваме ниту од стратешката цел за членство во ЕУ, ниту од стратешкото партнерство со САД, бидејќи, како што рече, и покрај тековните превирања, веруваме во важноста од ефективен трансатлантизам, базиран на меѓународни правила и принципи, јави известувачот на МИА од Баку.

-Но, исто така, свесни сме дека секогаш, пред да се погазат физичките граници, се газат принципите и вредностите. Двојните стандарди генерираат преседани коишто прераснуваат во правила. A кога се прават компромиси со меѓународните правила и принципи и со меѓународното право, се компромитираат Обединетите нации, се обезвреднува Повелбата и се поткопува меѓународниот поредок, укажа претседателката.

Она што Обединетите нации се за светот, рече таа, Европската Унија е за Европа – мултилатерален проект со една врвна цел – мир на континентот. Тоа го постигнува преку политиката на проширување со нови земји членки коишто ги исполнуваат копенхагенските критериуми.

-Како олицетворение на мултилатерализмот, Европската Унија има обврска непристрасно и конзистентно да го брани мултилатерализмот. Но, европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди, со нови барања и услови коишто не им биле поставени на други држави. Неодамна, на еден од панелите на Минхенската безбедносна конференција, македонскиот премиер постави реторичко прашање: зошто, кога Русија го негираше украинскиот идентитет и јазик, цела Европа стана во одбрана на Украина, а кога една земја членка на Европската Унија го негираше македонскиот идентитет и македонскиот јазик сите молчат. Одговорот на модераторот на панелот беше: „затоа што вие не сте нападнати“. За волја на вистината, не молчат, туку бараат да ги прифаќаме неправедните услови и да преговараме за нашиот национален идентитет, за нашиот јазик, нашата култура, историја, па и за нашиот уставен поредок – рече Сиљановска Давкова.

Според неа, пропуштени се многу можности за реформи на ООН, а застарените мултилатерални инструменти на Обединетите нации веќе не можат да одговорат на сегашните геополитички, економски, еколошки, демографски и технолошки предизвици.

-Ретко кога Обединетите нации ни биле толку потребни како денес. А сепак, ретко кога Обединетите нации биле толку политички маргинализирани како што се денес, рече претседателката.

Според неа, опстојувањето на Пактот за иднинатата ќе зависи од тоа дали државите ќе ги одржат преземените обврски и дали ќе ги напуштат двојните стандарди.

Потсети дека Пактот за иднината заедно со Глобалниот дигитален договор и Декларацијата за идните генерации, понуди визија за мултилатерализам што на поинклузивен и поправеден начин би можел да ги исполни трите врвни цели на ОН – мир и безбедност, човекови права и одржлив развој.

-Но, уште не донесен, како што посочи, Пактот се соочи со двојната критика на премали и преголеми очекувања. Од една страна некои идеалисти тврдеа дека Пактот не е доволно силен за да биде еликсирот којшто ќе ја подмлади нашата 80 години стара организација. Од друга страна, пак, некои реалисти сметаа дека Пактот е само уште еден очаен обид да се спаси поредокот воспоставен по Втората светска војна чиишто урнатини се околу нас.

Наместо мултилатерализам имаме мултиполаризација и растечко геополитичко ривалство. Меѓународното право е еродирано поради двојните стандарди. Се разгоруваат нови конфликти за ресурси, вода, енергенси и ретки минерали. Битката со природата како да е однапред изгубена. Меѓународните односи станаа непредвидливи. Наместо Кантовиот вечен мир за којшто мечтаеја некои од авторите на Повелбата на Обединетите нации, ние како да се наоѓаме во предхобсовска состојба, оцени претседателката.

Потсети дека Пактот беше усвоен како внимателно изграден глобален консензус околу две нешта. Прво, иако се застарени, Обединетите нации сепак се единствената организација којашто, освен универзален легитимитет, има и акумулирано искуство, знаење и потенцијал за да ги адресира проблемите, да ја мобилизира глобалната јавност, да ги координира процесите на креирање политики и носење одлуки, и да помага во нивното спроведување. Второ, неопходни се суштински реформи коишто ќе ги направат глобалните институции полегитимни, поправедни, поефективни и подоследни во исполнувањето на Повелбата на Обединетите нации – рече претседателката.

Како што дополни, Советот за безбедност треба да се прошири, да се реформира и да се демократизира за биде поотчетен и поодговорен во одржувањето на меѓународниот мир и безбедноста, а Генералното собрание да го заземе своето вистинско место на главен претставнички орган не само за дебата, туку и за креирање политики. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата, пак, смета таа, мора да станат обврзувачки за сите.

-Само така Обединетите нации ќе можат да одговорат на сегашните геополитички, економски, еколошки, климатски, технолошки и демографски предизвици – нагласи Сиљановска Давкова.

Пактот за иднината го оквалификува како еден вид глобален општествен договор, како што рече, нов Русоов договор, којшто треба да го зајакне мултилатералниот систем со Обединетите нации во нивно јадро и истакна дека уште во своите први месеци се најде пред нов предизвик.

-Прашањето што многумина сега го поставуваат не е дали Пактот за иднината ќе биде успешен, туку дали воопшто ќе ја преживее 2025 година. Дали ќе успее да опстане во новите геополитички околности, и, ако опстане, дали ќе биде референтна точка за обнова на Обединетите нации, или, пак, ќе се сведе на уште еден амбициозен, но задоцнет документ што ќе собира прашина во архивите на Ист Ривер? Тоа зависи од две нешта. Прво, дали државите ќе ги одржат преземените обврски. И, второ, дали ќе ги напуштат двојните стандарди. Зошто токму двојните стандарди? Бидејќи тие се Ахиловата пета на мултилатерализмот. Селективната, наместо универзална примена на меѓународните правила и принципи ја доведува во прашање универзалноста на самите принципи – рече претседателката.

Во контекст на тоа дали Пактот за иднината ќе ја преживее оваа 2025 година, рече дека не е првпат да сме во ваква ситуација и наместо да станаме наивни идеалисти или сурови Макијавелисти, треба со реалистична надеж да го одржиме овој глобален консензус.

Тоа, како што рече, го говори како претседателка на држава којашто многупати го почувствувала товарот на двојните стандарди, на прекршените договори, на неисполнетите ветувања.

Порача дека малите држави треба да бидат најгласните и најголемите поддржувачи на овој пакт.

-Што нѐ очекува доколку ја пропуштиме оваа можност? Дали, наместо Обединети, би имале разединети нации, сведени на реликт од минатото, блокирани поради ветото и парализирани поради бројните кризи и предизвици? Дали би имале поделба на светот во зони на влијание и интереси, паралелни поредоци коишто ќе гравитираат околу различни геополитички центри, секој со свој систем на вредности, правила и принципи, секој со свој аршин за човекови права и слободи. Дали би живееле во свет без универзални вредности и без свест и грижа за глобалните добра и за иднината на сè уште неродените? Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме – порача Сиљановска Давкова.

Таа денеска се обрати и на отворањето на Форумот, а имаше и билатерална средба со нејзиниот албански колега Бајрам Бегај. Во изминатите два дена претседателката Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Азербејџан, се сретна со претседателот Илхан Алијев, премиерот Али Асадов и претседателката на Националното Собрание Сабиха Гафарова. Како што информираше претседателката, речиси е готова декларацијата за стратешко партнерство и соработка со Азербејџан, што треба да премине во договор со кој ќе се зајакне соработката во енергетиката и економијата.

Continue Reading

Македонија

Општина Чаир го доби максималниот грант од УНДП за подобрување на енергетската инфраструктура во училиштата

Published

on

Општина Чаир е една од трите општини во државата што го добија максималниот грант од 50.000 долари од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), како дел од проектот „Зајакнување на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“, поддржан од Владата на Шведска и Бирото за регионален развој.

Иако повеќе општини учествуваа во овој процес, само три успеаја да обезбедат максимално финансирање, како што информираат од Општината.

„Како единствена општина со мнозинско албанско население што го доби овој грант, Општина Чаир, со својот придонес од 395.564 денари, ќе инвестира во подготовка на техничка документација за инсталирање контролни топлотни пумпи за греење во основните училишта на општината. Овој проект има за цел да создаде подобри услови за учениците и да обезбеди одржлива енергетска ефикасност во образовните институции“, изјавуваат од Кабинетот на градоначалникот, Висар Ганиу.

Градоначалникот Ганиу присуствуваше на церемонијата за потпишување на договорите и нагласи дека ова претставува важен чекор за развојот на училишната инфраструктура и за подобрување на енергетската ефикасност во образовните институции.

Општина Чаир останува посветена на реализацијата на проекти и инвестиции кои директно ќе го подобрат животот на граѓаните и благосостојбата на идните генерации.

Continue Reading

Македонија

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Published

on

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка.

Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај Мавровка во еден од најфрекфрентните периоди и места во Скопје. Обвинетиот Елвин Куртовиќ призна вина за убиството на бизнисменот Васил Ефтимов. Рече дека бил под дејство на дрога и не сакал тоа да го изврши. Инаку Куртовиќ кога го изврши убиството беше пуштен на викенд од затворот „Идризово“.

„Не сум добро ниту емотивно, ниту психички. Изразувам каење за кривичното дело. Не сакав да го убијам, се случи несреќа. Бев под дејство на дроги неколку дена, навистина. Претходно лежев за ситни дела во споредба сега со ова. Многу ми е жал, тоа е се што имам да кажам“, рече Куртовиќ минатата недела. Тогаш неговата адвокатка Софија Лаличиќ побара најблага можна санкција, бидејќи нејзиниот клиент бил дрога и не можел да расудува.

„Точно, мојот клиент уби човек. Но барам да им погледнеме на фактите во очи, а тоа е дека во нашата држава се случуваат многу кривични дела затоа што надлежните институции не си ја извршуваат задачата“, рече Лаличиќ пред една недела.

Инаку за вакви дела минималната казна е 10 години, а максималната доживотен затвор.

Васил Ефтимов бил бизнисмен и управител на фирмата Мителмонт за продажба на водоводна опрема. Беше убиен со огнено оружје, а во негова придружба била и неговата сопруга.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк