Connect with us

Скопје

Автомобил на Илинденска заврши ВО ДРВО

Published

on

Вечерва на булеварот „Илинден“ во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која автомобил кутна едно од дрвјата засадени во средината на булеварот, по што остана качен на бетонското ѕитче во средината меѓу двете коловозни ленти, објави Сител.

Засега нема информации за тоа како дошло до несреќата и дали во неа има повредени.

Полицијата е на терен и во моментов врши увид.

Скопје

Ѓорѓиевски: За првпат после половина век, улицата „25“ во Припор добива фекална канализација и нов асфалт

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со гордост истакна дека по повеќе од 50 години, жителите на улицата „25“ во Припор конечно добија целосна фекална канализација и нов асфалт. Оваа улица, изградена во минатото со самопридонес на жителите, била во лоша состојба и предизвикувала проблеми во секојдневниот живот.

По интензивни разговори со жителите, Ѓорѓиевски објасни дека се посветиле на трајно решавање на овој долгогодишен проблем. Прво беше поставена канализација во должина од 530 метри, а потоа се започна со асфалтирање на површина од 1600 квадратни метри.

„Не постои нерешлив проблем кога се пристапува со сериозност,“ вели Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека решавањето на децениските проблеми е приоритет. Градоначалникот ветува дека ќе продолжат со слични проекти низ секое населено место, слушајќи ги и реализирајќи ги потребите на граѓаните.

Continue Reading

Скопје

Општините Кисела Вода и Чаир инвестираат во прочистувачи на воздух и фотоволтаични панели – еколошки решенија за почист воздух во училиштата

Published

on

Општините Кисела Вода и Чаир се насочени кон заштита на здравјето на учениците преку поставување на прочистувачи на воздух и фотоволтаични панели. Во училиштата во Кисела Вода се поставени прочистувачи за подобрување на квалитетот на воздухот, а Чаир завршува со поставувањето на соларни панели, со план да се инвестира и во прочистувачи. Според експертите, ризикот од загаден воздух е висок и во затворените простории.

Општините Кисела Вода и Чаирпреземаат иницијативи за заштита на здравјето на учениците преку поставување на прочистувачи на воздух и фотоволтаични панели, со цел да обезбедат почист воздух во училишните објекти.

Кисела Вода со прочистувачи на воздух во училниците и на јавни локации

Во Општина Кисела Вода, речиси сите училници во осумте основни и две приградски училишта се опремени со прочистувачи на воздух, што значително го подобрува квалитетот на воздухот и здравјето на децата. Дополнително, на најфреквентните локации во општината, каде што има интензивен сообраќај, поставени се уште пет прочистувачи на воздух, со цел да се намали изложеноста на загадување во овие подрачја.

Општина Чаир се фокусира на еколошки ресурси со фотоволтаични панели

Општина Чаир во моментов го завршува процесот на поставување на фотоволтаични панели во секое училиште. Градоначалникот Висар Ганиу изјави дека општината вложува во еколошки ресурси за да го намали негативниот ефект од загадувањето. „Целта е, за време на наставниот процес, учениците да имаат можност да дишат чист воздух,“ истакна тој, додавајќи дека по завршувањето на проектот со соларните панели, ќе се разгледа и можноста за поставување на прочистувачи на воздух во училишните простории.

Загадувањето на воздухот – сериозен проблем за затворените простории

Загадениот воздух во Градот Скопје и во останатите градови претставува голем здравствен ризик, а експертите предупредуваат дека во затворените простории нивото на загадување може да биде речиси идентично со она на отворено. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Дејан Мираковски, презентираше податоци што укажуваат на високо ниво на загаденост во затворените простори, како училници и јавни установи, со што се потврдува потребата од прочистувачи на воздух.

Заеднички напори за чист воздух и здрава околина за учениците

Иницијативите на општините Кисела Вода и Чаир претставуваат важен чекор за заштита на здравјето на учениците преку намалување на изложеноста на загадување. Овие активности се дел од пошироките напори за подобрување на квалитетот на воздухот во училишните простории и создавање на здрава средина за младите, што придонесува за повисок квалитет на живот во заедницата.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Со гордост можам да кажам дека мојата ветената програма е 95 отсто реализирана, што не се случило досега во историјата

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување во емисијата „За или против” на телевизијата Алфа, кажа дека на рака се бројат проектите кои му остануваат и дека од објективни причини не се реализирани до сега и ќе бидат реализирани, дел до крајот на годинава и дел до средината на наредната година, но и дека она што ветил во изборната програма брои реализација од над 90% проценти.

Тоа, рече Ѓорѓиевски е нешто што не се случило никогаш, гледано хронолошки наназад, од постоењето на општина Кисела Вода.

– Во минатото ако градоначалниците во минатото имале реализација од 30%, граѓаните биле среќни, камо ли да се реализираат над 90%. Јас сум исклучително горд на тоа. Тоа бара енергија, бара сериозен фокус, макотрпна работа да една од најруинираните општини доведете да сега зборуваме за неколку улички што не сме ги доасфалтирале а имаме а имаме простор уште година и некој месец да ги доасфалтираме. Исто така, можеме да говориме и за бисерот на нашата општина и Скопје, спортската сала „Расадник”, која што за многу скоро со министерот Ристовски и премиерот Христијан Мицкоски ќе се појавиме на отпочнување на градежните активности и тоа е проект којшто со децении го очекувале нашите граѓани, рече тој.

„Можеме да говориме и за решена состојба во градинките, за училишта со доградби каде што дечињата ќе учат само во прва смена, понатаму за изградени детски катчиња, изградени спортски терени, за подземна инфраструктура, за населени места коишто трајно ги решивме да конечно во населени места не се говори за септички јами во 21 век, да не се говори за слаб притисок на вода, обезбедување на водоводна мрежа итн,  рече Ѓорѓиевски.

Додаде дека деновиве кои следат ќе организира отчет на кој ќе ги презентира сите реализирани проекти и дека веднаш после тоа, започнува турнеја со неговиот тим низ населбите на кои заедно со граѓаните ќе се креира буџетот и приоритетите за наредната година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк