Oливep Cпacoвcки ПOДHECE OCТAВКA ОД CДCM

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утринава поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.

Спасовски пред некој ден за „Click Plus“ на ТВ21, рече дека не треба да биде дел од новиот тим на СДСМ.

„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим“, порача Спасовски.