Пријавени се граѓаните кои одбиле да се попишат, непопишани 300.000 од дијаспора

Директорот на Државен завод за статистика вели дека резултатите од пописот ќе покажат дека околу 300.000 иселеници надвор од Македонија имаат македонско државјанство, а не се попишале.

Тој за Телма вели дека  а за обработка на податоците потребно е време од околу половина година.

– Три месеци не се доволни за обработка и за објавување на резултатите од пописот. Во овој момент никој не ги знае резултатите. Затоа не сакам да ги коментирам шпекулациите за процентуалната застапеност на Албанците и на другите заедници. Најголемиот дел од населението е попишан, а поднесени се претставки до МВР за десетина граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите. Исто така, околу 300.000 иселеници имаат македонско државјансто, а не се самопопишале – истакна Симовски.

На пописот, спроведен по речиси 20 години, беа попишани милион 833 илјади лица во земјава и 205.000 од дијаспората.