Владо Георгиев го маѓепса Скопје: Волшебна ноќ на неодоливиот шармер (Видео)

Како што гласеа и најавите за неговиот настап, балканскиот романтичар, кршачот на женски срца, неодоливиот шармер и една од најголемите музички ѕвезди во регионот, единствениот Владо Георгиев викендов  навистина направи незаборавна предновогодишна “afterwork” концертна журка во живо во  „Дежа Ву – Ист Гејт“ во Скопје.

Локалот беше претесен да ги прими сите заинтересирани, зашто резервациите беа продадени уште првиот ден пред од објавата дека тој ќе гостува во Скопје. Држејќи до себе и своето музичко реноме, нивото на звукот, светлосните и видео ефекти, воопшто целиот аудио-визуелен перформанс беше на концертно ниво, како да настапува во голема сала, а интимната атмосфера и топлината на просторот направи ѕвездата буквално да се сплоти со својата публика, во која како и секогаш предничеа преставничките на понежниот пол.

Уште со првите звуци на неговото пијанино и шестчелениот придружен бенд, беше јасно дека тоа ќе биде ноќ за паметење.  Забавата која траеше цели два часа, као што почна, така и заврши…

Владо Георгиев беше еден од првите кои го обои просторот во атрактивнот скопски локал со љубовна магија, со емотивен набој, но и опуштена атмосфера и забава, која на сите нас,  последниве месеци, па и години, толку многу ни недостасува.

Извор: Вистина.мк