Connect with us

Македонија

Регулаторна комисија утре одлучува колку ќе поскапе струјата, бизнисите на протест

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе донесе одлука колку ќе поскапи струјата. На подготвителна седница регулаторот треба да одлучи кои трошоци и во колкав процент од барањата за раст на цената ќе им ги признае на енергетските компании. Официјално која ќе биде цената на електричната енергија во следните шесет месеци ќе се знае во четврток.

“За утре е закажана подготвителната седница на која РКЕ пред енергетските компании ќе ги презентира механизимите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на електрична енергија“, соопштија од РКЕ.

Од регулаторна очекуваат сите страни да се солидаризираат во ова кризно време и да попуштат во однос на крајната цена за домаќинствата. Но, според информации на Алсат, Дистрибуција бара повисока цена за својата услуга од 100 отсто, МЕПСО бара раст на својот дел од 82 отсто. Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум до регулаторна нема испратено конкретно барање. Она што е веќе извесно е што државната ЕСМ ќе добие зголемување на цената за произведената струја која ќе ја продава на универазлниот снабдувач за13 посто. Од Нова година наместо 36 евра мегават час струја ќе чини 41 евро.

Надлежните уверуваат и покрај кризната состојба во енергетиката, рестрикции на струјата нема да има.

„Граѓаните и малите потрошувачи немаат и не треба да имаат рестрикции. Во нашето опкружување има недостаток на електрична енергија и во дел од државите се вршат рестрикции на електрична енергија“, рече Васко Ковачевски директор на ЕСМ.

Од владата веќе потенцираа дека зголемувањето на цената на струјата нема да надмине 10 отсто.

Македонските компании не можат да го издржат поскапувањето на струјата, но и зголемувањето на цената на гасот, а бараат да бидат обесштетени од државата. Во спротивно тие најавуваат масовни протести веднаш после Божиќ. Индустриската струја за фирмите беше зголемена три пати во последните два месеци, а на многу компании ненадејно им беа раскинати договорите за снабдување со струја од нивните снабдувачи.

Фирмите морале да склучат нови договори со кои однапред ќе плаќаат по 500 евра за мегават/час за да ги обезбедат снабдувачите кои купуваат струја на берзата по нови, видно зголемени цени. Истовремено, цената на струјата за домаќинствата веќе е качена и изнесува 108 евра за мегават час плус ДДВ од 5 отсто, што не смее повеќе да се качува, вели за Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика. Тој предвидува дека и цената на гасот трикратно ќе се зголеми.

Манасков најави дека доколку барањата за обесштетување и замрзнување на цените не бидат исполнети, фирмите ќе излезат да протестираат на улиците.

Македонија

Мицкоски: Обвинителството да постапува против ширењето паника и страв за мигрантите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика Јавното обвинителство да преземе мерки против, како што рече, организираното ширење паника и страв во јавноста поврзано со мигрантското прашање.

Мицкоски изјави дека ваквите појави, кои според него доаѓаат од структури блиски до СДСМ, претставуваат сериозен проблем и форма на психолошко насилство врз граѓаните. Тој нагласи дека дезинформациите и алармантните пораки за наводни мигрантски сценарија создаваат несигурност и вознемиреност кај населението.

Според него, институциите треба да се фокусираат на утврдување одговорност за оние кои, без докази, шират страв и ја нарушуваат јавната стабилност. Мицкоски истакна дека безбедносните политики мора да се водат одговорно и транспарентно, без политички манипулации.

Тој додаде дека државата има обврска да ја штити безбедноста на граѓаните, но и да спречи злоупотреба на чувствителни теми за дневнополитички цели, нагласувајќи дека ширењето паника не смее да остане неказнето.

Continue Reading

Македонија

Претреси и апсења на повеќе локации во Скопје, приведени 14 лица

Во координирана акција на полициските служби низ повеќе локации во Скопје, приведени се 14 лица, соопштија од надлежните органи.

Акцијата била спроведена рано утрово и вклучувала претреси на различни адреси во главниот град. Како што се наведува, мерките биле преземени по претходни оперативни сознанија, а насочени се кон откривање и сузбивање на организирани облици на криминална активност.

Полицијата потврди дека сите 14 приведени лица се задржани за понатамошни разговори и дека истрагата продолжува. За дел од нив се претпоставува дека се поврзани со ист предмет, а по комплетирање на доказниот материјал, од страна на надлежното обвинителство се очекуваат и официјални обвинувања.

Од МВР информираат дека ваквите акции се дел од континуираните напори за борба против криминалот и за зголемување на чувството на безбедност кај граѓаните. Полицијата апелира до сите лица да соработуваат со службите и да ги почитуваат законските процедури.

Во текот на денот се очекуваат дополнителни информации за причините за приведувањата и евентуалните правни квалификации на делата за кои се сомничат лицата опфатени со акцијата.

Continue Reading

Македонија

Африм Гаши го проследи барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев до надлежната собраниска комисија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го проследи барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот Јанчев до надлежната собраниска комисија, информираат од законодавниот дом.

Постапката е иницирана согласно Деловникот на Собранието, а Комисијата треба да го разгледа доставеното барање и да даде мислење, по што конечната одлука ќе ја донесат пратениците на пленарна седница.

Од Собранието појаснуваат дека ваквата процедура е редовен институционален процес кога надлежните органи бараат укинување на имунитет со цел да се овозможи водење на понатамошна постапка.

Засега нема дополнителни информации за роковите во кои Комисијата ќе постапува, ниту за деталите поврзани со предметот, но се очекува институциите да постапат во рамките на своите законски надлежности.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг