Сењор Рашковски доби нов предмет – Како се стекнал со автомобил вреден 50.000 евра?

DODGE VIPER cabriolet кој на пазарот вреди 50.000 илјади евра сопругата на Драги Рашковски го добила на подарок. 

Антикорупционерите бараат од ЈО за организиран криминал да отвори нов предмет и да го истражи случајот бидејќи се сомневаат дека  автомобилот е награда за Рашковски за противзаконско постапување.

Гостиварска фирма која градела објекти што се сопственост на државата за десеткратно помала цена продала возило за 5.000 евра на владиниот советник Игор Христов, а тој потоа го подарил на сопругата на Рашковски. На оваа фирма Рашковски и овозможува одобрение за градба од владата за кое претходно неколку пати го одбивале надлежните министерства. 

Во анкетниот лист тој навел дека автомобилот вреди 5.000 евра. Оваа сума ја пишувало и во договорот за продажба за што Антикорупциска добила потврда и од МВР дека се направени две промени за сопствеништво на автомобилот

Објектот што се споменува во овој случај во Гостивар, според Трпеноски, најверојатно е влезен и во стечајната маса на пропаѓањето на Евростандард банка и Здружението на оштетени штедачи реагирале за овој случај.