Филипче со слика за Заев за тоа што помогнал здравствените работници да ги направат „повторно горди“

Министерот за здравство Венко Филипче му се заблагодари на премиерот во оставка Зоран Заев за помошта што му ја дал на здравствениот сектор за време на епидемијата од Ковид-19, подарувајќи му слика на церемонијата на доделување признанија.

„До претседателот на Владата упатувам благодарност за поддршката што ја даде на здравствениот систем и на здравствените работници. Му благодарам што не кажа не за барањето за која било инвестиција во здравството. Благодарен сум што успеавме со негова помош здравствените работници да ги направиме повторно горди и ценети во нашето општество“, рече Филипче во обраќањето.