Британска банка на десетици илјади луѓе по грешка им уплатила 155 МИЛИОНИ ЕВРА

Десетици илјади луѓе на божиќното утро биле изненадени од банката Сантандер, која по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки.

Вработените во Сантандер сега брзаат да ги вратат парите, а оваа задача е тешка бидејќи голем дел од нив е уплатен на сметки во други банки, јавува денеска Би-Би-Си.

Настанала грешка кога двапати биле извршени плаќања од деловните сметки од 2000 година.

Банката нагласила дека веќе започнала разговори со другите банки – Barclays, HSBC, NatWest, Co-operative Bank и Virgin Money.Сантандер соопштиле дека банките „ќе бараат да вратат пари од сметките на нивните клиенти“.

Сепак, не е јасно како ќе постапат банките во случај нивните клиенти веќе да ги потрошиле парите, бидејќи враќањето на средствата може да доведе до пречекорување.

Сантандер навестиле дека може директно да контактираат со луѓето за да си ги вратат парите, пишува Би-Би-Си.