Connect with us

Скопје

Карпошани внимавajте: Маниjaк пpecретнал девојче пред училиште во Карпош, го дoпиpaл и му покажувал пopнoфoтoгpaфии

Published

on

Во вторникот околу 16 и 40 часот возрасен маж пресретнал девојче во близина на основно училуште во општина Карпош и од мобилниот телефон му покажувал порнофотографии, а потоа и го допирал по телото. Девојчето го пријавило случајот во полиција следниот ден.

Според информации на Република, се работи за основното училиште „Владо Тасевски“.

Инцедентот се случил во близина на училиштето, не во дворот, велат за Република од општина Карпош.

Од МВР го потврдуваат случајот, и работат на негово расчистување.

На 29 декември во 19.20 часот било пријавено дека 28.12.2021 околу 16.40 часот на подрачејето на Карпош во близина на основно училиште едно лице од својот мобилен телефон прикажало порнографски фотографии на малолетничка и ја допирало по телото. Се работи на расчистување на случајот, вели портпаролката на МВР Лиза Бендевска за Република

Скопје

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа

Published

on

ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам.

„Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.

Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.

За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Целта е да се креираат ефикасни законски решенија и да се спречат потешки последици од ваквите негативни појави.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Спортско-рекреативен центар за жителите на Градинар

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со својот тим, денеска официјално го пушти во употреба новоизградениот спортско-рекреативен центар во населбата Градинар. Ова е првиот ваков објект во оваа населба, кој ќе им овозможи на граѓаните место за спорт, рекреација и дружење.

Спортско-рекреативниот комплекс се простира на 2.500 квадратни метри и содржи модерно детско игралиште, кошаркарско игралиште и терен за мал фудбал. Просторот е опремен со парковско зеленило, хортикултурно уредување и урбана опрема, а дополнително, утре ќе бидат засадени нови дрвја.

Во рамки на овој проект, реконструирана е и пристапната улица „Борис Трајковски 7“, со што се подобрува безбедноста и пристапноста за жителите на Градинар.

Градоначалникот Ѓорѓиевски потсети дека во последните три години во оваа населба се реализирани повеќе значајни инфраструктурни проекти, вклучувајќи ја и изградбата на фекалната канализациона мрежа, со што се реши долгогодишен проблем на жителите.

„Овој спортско-рекреативен центар е доказ дека рамномерниот развој на сите населби во општината е наш императив. Со денешниот проект, бројот на спортско-рекреативни центри се зголеми на 15, а на детски игралишта на 20. Остануваме посветени на подобрување на животот на граѓаните преку конкретни проекти“, истакна Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура, како дел од стратегијата за создавање услови за активен и здрав живот на граѓаните.

Continue Reading

Скопје

НОВА ВИСОКА ЗГРАДА НИКНУВА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – висококатница од 25 ката ќе се гради на местото на Европски универзитет

Published

on

Во срцето на градот, во центар, ќе никне огромна висококатница. Имено, се планира да се изгради голема зграда со височина од 100 метри, односно приземје и 25 ката.

Таа зграда треба да се изгради на местото каде што сега се наоѓа Европски универзитет, чија локација е на улицата Свети Климент Охридски, во центарот на Скопје, и во близина на зградата на некогашниот симбол на новинарството во земјава, НИП Нова Македонија, каде што своевремено беа лоцирани сите весници во рамките на ова големо новинско-издавачко претпријатие. Па така, токму во споредба со НИП-от, овој нов објект кај Европски треба да биде повисок за 10 ката. 

Од Општина Центар потврдиле дека постојниот Детален урбанистички план навистина предвидува ваква изградба, но навеле дека одобрение за градење сѐ уште не е издадено, па не знаат кој ќе биде инвеститор.

Како што пишуваше Слободен печат, според посочениот ДУП, изработен од Друштвото за планирање проектирање и инженеринг „Тајфа план“ од Скопје, станува збор за објекти со Б4 намена, односно за деловни објекти, а според јавно достапните информации од Агенцијата за катастар на недвижности, земјиштето со површина од околу 5000 метри квадратни е во приватна сопственост на фирмата „Евро принт“ ДОО од Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк