Ужас во Колорадо: Горат стотици куќи, десетици илјади луѓе се евакуирани (ВИДЕО)

Полицајците го снимиле видеото додека патролирале на патот во градот Супериор.

„Нашите мисли се со соседите кои вечерва ги загубија своите домови и бизниси“, напишале тие на Твитер.

YouTube video player

Да потсетиме, поради пожарите што се шират низ Колорадо, десетици илјади луѓе се евакуирани, а стотици домови се уништени.

Пожарите го зафатија округот Болдер северно од Денвер, а властите велат дека жртвите и повредените се „веројатни“.

Болдер, град со повеќе од 100.000 жители, е на околу педесет милји од Денвер, главниот град на Колорадо.

Додека претходните пожари во Колорадо главно опустошија рурални делови на државата, неодамнешните пожари зафатија голем број предградија на Колорадо.

Дел од пожарот избувнал откако силните ветрови ги урнале електричните столбови и многу брзо станале најразорните пожари во модерната историја на таа држава.

Речиси 600 домови изгореа во областа на градот Супериор, рече Џо Пеле, шериф на округот Болдер.

Пожарот зафатил трговски центар и хотел.

Најмалку седум пожарникари се повредени, рече шерифот Пеле, додавајќи дека е „веројатно“ да има повеќе.

„Со оглед на големината и интензитетот на пожарот и густата населеност на оваа област, нема да бидеме изненадени доколку има повредени и загинати“, предупредил Пеле.

На снимката направена пред продавница се гледаат драматични сцени од паркинг обвиен со густ чад додека луѓето се обидуваат да избегаат.