Кличко вежба со украинската армија, го нарече Путин „гангрена“

Актуелниот градоначалник на Киев и поранешен боксерски шампион во тешка категорија, Виталиј Кличко се приклучи на вежбите на украинските резервисти, додека тензиите меѓу Русија и Украина се зголемуваат.

Кличко во интервју за британскиот „Дејли телеграф“ оцени дека таквата обука е неопходна за високи и средни функционери на земја, која „е во војна речиси осум години“.

– Многумина од нас веќе имаат отслужено војска и тие вештини мора да ги вратиме. Тоа е многу важно за сите официјални лица во Украина, бидејќи нашата земја е во војна осум години. Војската е слична со спортот – ти треба самодисциплина, посветеност, упорност и фокусираност без разлика што правите – вели Кличко во интервју за „Дејли телеграф“.