Connect with us

Свет

Папата Франциск: Луѓето кои чуваат домашни миленичиња наместо деца, се себични

Published

on

Зборувајќи за родителството за време на општата аудиенција во Ватикан, Папата изразил жалење што миленичињата понекогаш го заземаат местото на децата во општеството.

„Денес гледаме форма на себичност. Гледаме дека некои луѓе не сакаат да имаат дете. Понекогаш имаат и тоа е тоа, но имаат кучиња и мачки кои ги заменуваат децата. Ова може да ги насмее луѓето, но тоа е реалноста“, рече папата.

Практиката, рече шефот на католичката заедница од 1,3 милијарди луѓе во светот, „ги негира татковството и мајчинството и нè намалува, ни ја одзема хуманоста“. Значи, цивилизацијата старее без човештвото затоа што го губиме богатството на татковството и мајчинството, а земјата е таа која страда, додаде Папата.

Тој е фотографиран како гали кучиња, дозволувајќи да му го закачат јагнето преку рамо за време на Богојавление 2014 година, па дури и гали тигар и младенче пантер. Но, додека неговиот претходник Бенедикт XVI. бил љубител на мачки, не е познато дали Франциск има домашно милениче во неговата резиденција во Ватикан.

Во 2014 година, Франциск за дневниот весник Il Messaggero изјавил дека имањето миленичиња наместо деца е уште еден феномен на културната деградација и дека емотивниот однос со миленичињата е полесен од сложениот однос помеѓу родителите и децата. Денеска, повикувајќи ги паровите кои не можат да имаат деца од биолошки причини да размислуваат за посвојување, тој ги повика потенцијалните родители да не се плашат.

„Да се ​​има дете секогаш е ризик, но поголем ризик е немањето дете, во негирањето на татковството“, рече тој.

Аргентинскиот понтиф во минатото ја осудуваше демографската зима или падот на наталитетот во развиениот свет. На почетокот на оваа година тој го критикуваше модерното општество во кое кариерата и заработката за многумина се адут во градењето семејство, нарекувајќи го таквиот менталитет „гангрена за општеството“.

Свет

Додека сите копаат по нови AI решенија, NVIDIA им продава лопати и заработувапремногу пари

Published

on

Во трката за вештачка интелигенција, најголемите играчи како Microsoft, Google, Amazon и Meta инвестираат милијарди за да развијат AI што ќе ја обликува иднината. Но, зад сцената, постои една компанија без која оваа револуција не би била возможна – NVIDIA.

Од производител на графички картички за гејмери, NVIDIA денес е незаменлив двигател на AI индустријата. Нејзината технологија е основата врз која се градат најнапредните вештачки интелигенции. Овој бизнис модел ја направи NVIDIA една од најбрзо растечките компании во историјата на технологијата.

Во последниот квартал од 2024 година, NVIDIA оствари приход од 22,1 милијарди долари, што претставува раст од 265% во споредба со истиот период минатата година. Но, уште поимпресивно е што нејзиниот профит скокна за 769%, достигнувајќи 12,3 милијарди долари.

Како NVIDIA стана незаменлив дел од AI револуцијата?

Главниот двигател на овој експлозивен раст е Data Center сегментот, кој само во последниот квартал генерираше 18,4 милијарди долари приход, што е раст од 409% на годишно ниво.

Технологијата на NVIDIA е буквално во срцето на секој голем AI проект што се користи денес:

Microsoft користи NVIDIA чипови за своите cloud и AI решенија

Google ги напојува своите напредни јазични модели со нив

Amazon ги интегрира во својата AWS инфраструктура

Meta ги користи за развој на AI системи за персонализирани содржини

NVIDIA не се натпреварува директно во развојот на AI апликации – таа е компанијата што им ги продава најважните алатки на сите што сакаат да бидат дел од оваа револуција.

Гејмерите не се заборавени

Иако вештачката интелигенција е главниот двигател на растот, NVIDIA останува лидер и во гејминг индустријата. Во последниот квартал, Gaming сегментот оствари приход од 2,9 милијарди долари, предводен од новата GeForce RTX™ 40 SUPER серија.

Покрај тоа, компанијата активно инвестира во автономни возила, медицински истражувања и cloud инфраструктури, што ја прави еден од најразновидните технолошки гиганти.

Што следува за NVIDIA?

Компанијата веќе ги подготвува следните чекори:

Проширено производство на AI чипови за да се одговори на растечката побарувачка

Стратешки партнерства со водечките технолошки гиганти

Поголеми инвестиции во автономни возила и медицински AI решенија

NVIDIA – компанијата што ја диктира иднината

Додека Microsoft, Google, Amazon и Meta се борат за доминација во областа на AI, NVIDIA е компанијата што ги снабдува сите со неопходниот хардвер односно народски кажано им продава лопати да ископуваат злато.

Во ерата на дигиталната експанзија, NVIDIA ги продава „лопатите“ со кои технолошките гиганти копаат по новите иновации – и го прави тоа подобро од кој било друг.

Continue Reading

Свет

На вработените во УСАИД им е наложено да си ги соберат работите од канцелариите за 15 минути

Published

on

На поранешните вработени во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), кои беа отпуштени или ставени на административно отсуство, им е кажано дека имаат 15 минути за да си ги соберат своите работи од нивните канцеларии во Вашингтон.

На поранешните вработени во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), кои беа отпуштени или ставени на административно отсуство, им е кажано дека имаат 15 минути за да си ги соберат своите работи од нивните канцеларии во Вашингтон.

Не е познато колку од над 5.600 вработени на УСАИД работат во зградата на седиштето на агенцијата во Вашингтон. УСАИД во понеделникот ги стави на платено отсуство 4.080 вработени ширум светот, а дополнителни 1.600 работници беа отпуштени.

Претходно денеска, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека намалува повеќе од 90 отсто од договорите за странска помош на УСАИД и 60 милијарди долари од американската помош ширум светот.

Претставниците на администрацијата на Трамп, по повеќекратните предупредувања од федералниот судија во случајот, исто така вчера рекоа дека повторно почнале со плаќање на сметките на УСАИД по повеќемесечниот прекин на плаќањата.

Continue Reading

Свет

Трамп: ЕУ е создадена за да ја искористува Америка, ќе воведам 25 отсто царини за автомобили

Published

on

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска во Вашингтон изјави дека Европската Унија е формирана за да ја „искористува“ Америка, најавувајќи воведување царини од 25 отсто за автомобили и „и други работи“.– Европската Унија е создадена за да ја искористува САД, тоа е нејзината цел, и добро го направи тоа, изјави Трамп пред новинарите на својот прв состанок на Кабинетот во Белата куќа.

Тој зборуваше за своите планови да воведе високи царини за автомобили и други производи, обвинувајќи ја ЕУ за нефер трговски односи со САД. Според него, трговскиот суфицит на ЕУ во однос на САД е експлоататорски.

Трамп изјави дека веќе донел одлука за воведување царини и дека официјалната најава ќе следи „многу скоро“.– Ќе биде 25 отсто, генерално гледано, и тоа ќе важи за автомобилите и други производи“, рече тој, не прецизирајќи дали царините ќе важат само за европскиот увоз или за увозот низ целиот свет.– ЕУ навистина нè искористува, продолжи Трамп. – Не прифаќаат наши автомобили, не прифаќаат речиси ништо од нашите земјоделски производи.

Секогаш наоѓаат причини зошто не, а ние прифаќаме сè од нив, тврди американскиот претседател.И покрај критиките кон ЕУ, Трамп додаде дека ги сака европските земји.– Мислам, јас сум од таму… во некој момент одамна, индиректно… добро, и прилично директно, претпоставувам. Но, ги сакам европските земји, рече тој.Мајката на Трамп е родена во Шкотска, додека неговиот дедо по таткова линија имигрирал од Германија.Сепак, веднаш потоа двапати повтори дека ЕУ е формирана за да ги „зафркне“ САД.На прашањето што ќе се случи доколку ЕУ воведе одмазднички царини, Трамп одговори: Не можат. Може да пробаат, но не можат.– Може да пробаат, но бројките никогаш нема да бидат еднакви на нашите, бидејќи ние можеме да ги исклучиме од трговијата. Ние сме „златниот рудник“, ние сме тие што сите ги сакаат, изјави тој.– Можат да воведат царини, но тоа нема да биде успешен одговор, затоа што ние едноставно ќе прекинеме да купуваме. Ако тоа се случи – ние победуваме, заклучи Трамп.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк