Прекрасна Божиќна серенада за младата гулабица, коледари – Пере, Лозано, Стефан и Димитар


Никола Перевски -Пере Нокаут, Влатко Лозаноски – Лозано, Стефан Филиповски -Некст тајм и Димитар Андоновски, се веселите коледари во новата, шеста по ред возобновена Божикна песна која што раскажува за една млада девојка, опеана како гулабица, која се успала за празничната Богослужба, па коледарите низ серенада ја будат.

Видео записот е шести по ред традиционален подарок и проект на Бигорски манастир и Бадникови поворки, кои го подаруваат со многу љубов, се вели во описот на видеото.

Оваа возобновена Божикна каланда (песна), во себе го носи специфичниот византиски богат мелос.

Слушнете ја Божикната серенада 👇

YouTube video player