Connect with us

Македонија

Бугарски новинар бара: Не Петков во Македонија, туку нивниот премиер да дојде на „бакни рака“

Долгогодишниот дописник на Бугарската национална телевизија (БНТ) од Скопје, Костадин Филипов, го критикува премиерот Кирил Петков за најавата за посета на Македонија на 18 јануари, негова прво официјално патување во странство по преземањето на функцијата.

„Требаше да биде обратно – откако се обидовме да им оставиме добар впечаток, ако сакаме да им направиме некаков аир, некакво добро, не треба ние да одиме кај нив, туку првата работа на нивниот нов премиер треба да биде да дојде кај нас, да бакне рака, така да се каже, на некој од нашите политичари и ако рече дека не може да исполни некои од нештата што ги бараме, да му кажеме да се врати во Северна Македонија, да се обиде да ги исполни и тогаш повторно да дојде кај нас“, изјави новинарот за БНТ.

„Ме загрижува тоа што Петков многу брза да покаже лојалност кон некакви политички фигури однадвор“, додава новинарот.

Македонија

Антикорупциските организации со апел да не се одлага законот за заштита на укажувачи

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата апелира до институциите без одлагање да го усвојат Законот за заштита на укажувачите, предупредувајќи дека долгото доцнење сериозно ја поткопува борбата против корупцијата.

Од Платформата изразуваат загриженост што, и покрај тоа што Предлог-законот е подготвен уште од крајот на 2023 година, тој сè уште не е ставен во собраниска процедура. Граѓанските организации биле активно вклучени во процесот – преку работната група формирана од Министерството за правда биле одржани 15 состаноци и две јавни дебати, но резултатите од тој процес досега не се материјализирале.

Во најновиот Извештај за напредокот, Европската комисија посочува дека законското решение за заштита на укажувачите сè уште не е целосно усогласено со европското законодавство и дека недостигаат ефикасни механизми за негова примена. Како ризик се наведува можноста лицата кои пријавуваат неправилности да бидат изложени на притисоци, вознемирување, па дури и отказ, што директно ја намалува довербата во системот.

Според Платформата, фактот што подготвен закон повеќе од две години чека да биде донесен испраќа лоша порака и ја ослабува институционалната заштита на укажувачите – еден од клучните механизми за откривање корупција.

Дополнително, Законот за заштитено пријавување и заштита на укажувачи е предвиден и во Програмата за работа на Владата за 2025 година, како акт по кој треба да одлучува Собранието уште во мај. И покрај тоа, законската постапка сè уште не е завршена, што, како што велат од Платформата, е неоправдано одолговлекување.

„Со усвојување на овој закон ќе се подобри статусот и безбедноста на укажувачите, кои се една од најважните алатки во борбата против корупцијата. Тоа би значело и зајакнување на уште еден механизам за владеење на правото, за што носителите на јавни функции јавно се залагаат“, порачуваат од Платформата.

Continue Reading

Македонија

Филипче денеска го соопштува новиот партиски врв на СДСМ

оцијалдемократскиот сојуз на Македонија денеска треба да го добие новото партиско раководство. Претседателот на партијата, Венко Филипче, најави дека составот на новиот врв ќе биде објавен по седницата на Централниот одбор, закажана за денеска.

Процесот следува откако на почетокот на декември целото досегашно раководство поднесе оставка на барање на Филипче, кој единствено ја задржа лидерската функција. Со тоа, како што велат од партијата, беше отворен простор за кадровско освежување и нов почеток.

Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ, Филипче синоќа потврди дека списокот со новите функционери е веќе подготвен. Според него, станува збор за внимателно избалансиран тим во кој ќе има и искусни кадри и помлади луѓе кои допрва треба да се профилираат во политиката.

Дел од имињата веќе се познати. Функцијата генерален секретар ќе продолжи да ја извршува Александар Саша Димитријевиќ, додека за еден од потпретседателите е предложен Александар Трајановски, ортопед и поранешен кандидат за градоначалник на општина Аеродром.

Филипче не крие дека составувањето на новиот тим било предизвик.

„Најтешко е да се направи вистинска комбинација – да ги задржите искусните луѓе, а истовремено да отворите простор за млади кои сакаат да учат и да се развиваат. Тоа не е проблем само во политиката, туку во секоја организација каде што е потребна смена на генерации“, рече тој.

Притоа нагласи дека долгогодишните партиски кадри нема да бидат тргнати настрана. Напротив, како што вели, вратата за нив останува отворена, со јасна улога во пренесувањето на знаењето и искуството кон помладите членови.

„Таков тим ќе се формира и ќе биде официјализиран денеска“, порача лидерот на СДСМ.

На прашањето зошто самиот не поднел оставка по изборниот пораз, Филипче одговори дека функцијата претседател ја презел неодамна и дека неговата задача е токму да го води процесот на внатрешна консолидација.

По оставките на 2 декември, од СДСМ тогаш порачаа дека станува збор за „одговорен и морален чекор“ со кој се отвора ново поглавје за партијата, со фокус на кадровско освежување, организациско зајакнување и враќање на енергијата во членството.

Continue Reading

Македонија

Среќни вести за пензионерите: Еве кои ќе добијат 6.000 денари за празниците

Во пресрет на најубавите денови од годината, Општина Штип испраќа порака со хуман гест кој предизвика вистинско внимание во јавноста. Локалната самоуправа одлучи да го осветли празничниот дух на 100 пензионери со најниски примања, доделувајќи им еднократна финансиска помош од 6.000 денари.

Оваа мерка, вткаена во Програмата за социјална заштита за 2025 година, не е само бројка, туку искрена заложба за празниците. Преку прецизна селекција во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, помошта ќе заврши директно во рацете на најранливите. Штип уште еднаш докажа дека вистинската магија на празниците не е во украсите, туку во грижата, солидарноста и подадената рака тогаш кога е најпотребно.

Општина Штип го започнува спроведувањето на Програмата за социјална заштита за 2025 година со конкретен чекор – финансиска инјекција за нагрозените категории на граѓани. Вкупно 100 пензионери со минимални примања ќе добијат по 6.000 денари, мерка која доаѓа како клучно олеснување на домашните буџети пред новогодишните и божиќните празници.

Процесот на распределба е веќе во тек, а изборот се врши според строги социјални критериуми во координација со Центарот за социјални работи. Со овој потег, Штип се позиционира како општина со силен социјален фокус, трансформирајќи ги буџетските средства во директна помош за граѓаните. Оваа поддршка е потврда дека локалната власт приоритет им дава на оние кои се соочуваат со најголеми економски предизвици.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг