Connect with us

Свет

Го заклучила синчето во багажник затоа што било позитивно на Ковид

Published

on

Мајка е уапсена откако го заклучила својот син во багажникот од автомобилот. Станува збор за учителката Сара Бим од Тексас која го „изолирала“ синот кој бил позитивен на ковид-19 во багажникот за таа да се заштити од вирусот. Таа е обвинета за загрозување на детето, објави Би-Би-Си.

Сведок на настанот ја повикал полицијата, а кога полицијата наредила да им го отвори багажникот внатре го пронашле момчето. Бим рекла дека нејзиниот 13-годишен син бил позитивен на ковид-19 и дека го однела на стадионот Пријдеон на уште еден тест за да го потврди резултатот.

Мајката наводно рекла дека го ставила синот во багажникот на автомобилот затоа што не сакала самата да се зарази.

Свет

Сите гледаа во Зеленски на погребот на папата: Протколот вели едно, Зеленски прави друго [ФОТО]

Published

on

Зеленски пристигна на погребот на папата Франц – повторно без одело?

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, утрово пристигна на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, само неколку минути пред почетокот на погребната церемонија за папата Франц. Но, она што веднаш го привлече вниманието на јавноста не беше само неговото присуство, туку и неговиот избор на облека.

Зеленски и овојпат не носеше класично одело, што според протоколот за вакви настани се смета за задолжително. Украинскиот претседател беше фотографиран во црни панталони, темна кошула и црна јакна – комбинација што се смета за неформална во ваков контекст.

Католичката црква е позната по строгите правила на облекување, особено кога станува збор за официјални церемонии како што е погребот на папата. За мажи се очекува да носат темно одело, бела кошула и долга црна вратоврска. Технички се дозволени и други темни нијанси како сива или темно сина, но речиси сите светски лидери на денешниот настан беа облечени во класично црно со бела кошула, според очекуваните стандарди.

Протоколот исто така предвидува и црни чевли, чорапи, палта и чадори. На левиот ревер е дозволено да се носи црно копче, а единствени дозволени украси се официјалните папски почести. Сите други модни додатоци кај мажите – како прстени, нараквици и часовници – треба да бидат крајно ненападни.

Жените, пак, се должни да носат црна облека, при што фустанот мора да биде под колената, со затворени црни чевли со ниска потпетица, црни ракавици и, по желба, тенок црн вел. Торбичката мора да биде мала и црна, а од накитот е дозволена само едноставна бисерна огрлица.

Иако Зеленски не го испочитува целосно протоколот, неговото присуство на церемонијата сепак беше одбележано како гест на почит.

Continue Reading

Свет

Трамп сепак победи? Кинезите повлекуваат неочекуван потег

Published

on

Пекинг размислува за укинување царини на американски производи: олеснување на трговските тензии?

Кинеската влада разгледува можност за укинување или намалување на царините на дел од американските производи, меѓу кои се и медицинска опрема и индустриски хемикалии, пренесе утринава новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на извори блиски соработници на процесот.

Според информациите, Министерството за трговија на Кина формирало работна група која веќе собира листи на производи што би можеле да бидат ослободени од дополнителни царини. Специјалниот извештај на кинескиот магазин „Caijing“ наведува дека меѓу опциите се и осум производи поврзани со полупроводници, иако чиповите за меморија засега не се во игра.

Во јавноста кружи и наводна листа со 131 категорија производи кои се разгледуваат за изземање – меѓу нив се вакцини, хемикалии и дури и млазни мотори – но Ројтерс наведува дека сѐ уште не може да ја потврди автентичноста на таа листа.

Додека САД веќе обезбедуваат одредени трговски олеснувања, особено за електронски компоненти, ваквиот потег од страна на Кина може значително да ги ублажи тековните трговски тензии и да го намали економскиот притисок врз двете страни, велат економски експерти.

Ако дојде до реализација, оваа иницијатива може да биде значајно олеснување за американската економија, но и политичко засилување за Белата куќа, која во последно време се соочува со сѐ поголем притисок во однос на својата трговска политика.

Засега нема официјална потврда од кинеските власти, ниту одговор на медиумските прашања, па останува да се види дали и кога овие мерки ќе стапат на сила.

Continue Reading

Свет

ВО ЖИВО: Започна погребот на папата, го обезбедуваат 4.000 полицајци, илјадници војници и борбени авиони: Започнаа да пристигнуваат и светските лидери

Published

on

Во Ватикан денес се одржува погребот на папата Франциск

Во Ватикан утрово во 10 часот по локално време започна погребната церемонија за папата Франц, кој почина во понеделникот на 89-годишна возраст. Илјадници верници и почитувачи се собраа да му оддадат последна почит на духовниот водач.

Организаторите очекуваат околу 200.000 луѓе да присуствуваат на самата церемонија, додека се проценува дека над еден милион ќе се обидат да ја следат погребната поворка низ улиците на Рим.

Во пресрет на огромната посетеност, италијанските и ватиканските власти преземаа извонредни мерки за безбедност. Над 4.000 полицајци се ангажирани за обезбедување на настанот, а во логистичката поддршка се вклучени и илјадници војници, медицински служби и околу 4.000 волонтери.

Ватикан денес е под засилено обезбедување, со воздушни и копнени контроли, додека плоштадот „Свети Петар“ е преполн со верници од целиот свет кои дојдоа да се простат од папата Франц.

Следете го погребот на папата во живо:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк