Во Дојран ЗА 10 ЕВРА ДОБИВАШ ЛАЖЕН ПЦР И ЖЕТОН ЗА КОЦКАЊЕ

Само 10 евра биле наплаќани ковид-сертификатите со негативен резултат во казиното во Стар Дојран со кој грчките државјани слободно ја поминувале границата. А за тие десет евра се одбивл и жетон за коцкање во казиното, изјавил за Канал 5 грчкиот новинар Христос Николаидис кој ја направи видео сторијата.

Николаидис, озвучен и со мала видео камера, го посетил казиното Кинг слот принцес, а документот со негативен тест за вкупно 10 евра, бил издаден од лабораторијата Ели Медика Плус. На влез во казиното оставил лична карта и по 45 минути добил негативен тест, односно сертификат со кој ја минал и границата, а за десетте евра за тестот добил и за да може да се коцка. Што значи тестот го добил бесплатно.

Дека се работи за казино Кинг слот принцес во Стар Дојран и лабораторијата Ели Медика Плус со седиште во Гевгелија потврдуваат и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој по извршениот надзор во импровизираниот пункт во административниот дел на казиното затекнале тестирања кои ги вршеле три медицински лица во комплетна заштитна опрема. А евиденцијата покажала седум евидентирани тестирани лица.