Австралиска новинарка: Ова со Ѓоковиќ е чиста местенка!

„На две одобренија од здравствени комисии, Ѓоковиќ не доби дозвола да влезе. И сега цел свет ни се смее. Политичарите ни ја посрамотеа земјата“, изјави австралиската новинарка Лиз Сторер за британски „Скај Њуз“ обвинувајќи ги политичарите дека – сѐ му наместиле на Ѓоковиќ.

Со глупоста што австралиските власти ја направиле со тенисерот, кој е во мигрантски хотел во Мелбурн во очекување на одлука по жалбата за негова депортација, од Австралија, политичките елити ѝ нанеле голема штета на земјата и буквано ја посрамотиле пред светот.

„Сите зборуваат за проблем со визата, а таков проблем – нема!

Визата нема никаква врска со вакцинацијата и тоа е непобитен факт. Новак добил „лекарски исклучок“ (да влезе невакциниран – н.з.) од два различни здравствени одбори.

И ова веќе личи на чиста местенка.

Ова е како некој свесно да му го наместил случајот на Ѓоковиќ. Прв е премиерот Скот Морисон, кој еден ден пред доаѓање на српскиот тенисер објави дека Новак ќе биде депортиран, ако документацијата не биде добра. И за чудо, тоа се случи. Нема шанса тимот на Ѓоковиќ да направиле грешка со документацијата за виза. Па, тие првпат ли вадат виза, поднесувале илјадници вакви барања. Затоа сето ова е политички мотивирано“, вели Лиз.

Таа потенцира дека очекува во понеделник наутро по македонско време судот да ја преиначи одлуката и Ѓоковиќ да остане во Мелбурн и да игра на Австралија опен.

„Не знам што мислеа или очекуваа властите, ама знам дека Новак има врвен адвокатски тим, кој веќе му овозможи останување до понеделник, а јас навивам и очекувам да остане. Се надевам ќе ги добие и ќе игра на Австралија опен.

Тој сам треба да реши дали ќе се вакцинира или не, а најмизерно е што го ставија во хотел со мигранти, таму каде што ставаме луѓе кои направиле нешто нелегално.

А, што направи Ѓоковиќ нелегално?“, додава таа.

На крај заклучува дека Австралија сега е за потсмев во целиот свет.

Kurir.rs пишува на големо за наводната голема лага, по што австралијанците го извадиле клучниот документ во кој е наведено се како што треба од страна на Новак Ѓоковиќ, кој како што велат е доказ дека ова е само една голема лага и заговор за нарушување на угледот на светскиот тенисер.