Connect with us

Македонија

Meрко ќе плаќа инфлуенсерки за да го промовира туризмот во Струга

Локалните власти во Струга за туристичка промоција на градот оваа година ќе потрошат околу 58.000 евра. Станува збор за програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите која неодамна ја изгласа мнозинство на ДУИ и СДСМ во Советот на општината. За подготовка, обработка и печатење на промотивни материјали се предвидени 300.000 денари. ВМРО и Алијанса на Албанците реагираат дека станува збор за нереална програма, пренесува Алсат.

Средствата предвидени за овој буџет за промоција на туризмот се предимензионирани и не се во дослух со можностите и средствата кои општината ги има на располагање. Како организиран начин на рекламирање и делење на таков вид на рекламен материјал со години наназад не сме виделе речиси ништо…“, изјави Никола Кукунеш-советник од ВМРО ДПМНЕ.

Во изминатите години не видовме некој пропаганден материјал или нешто во тој правец, да се промовира или да се подготвува, а не пак да се присуствува на некои посериозни саеми за да се промовира туризмот, бидејќи ние како Струга сме туристички град и очекуваме најголеми приходи од ставката туризам“, рече Нијази Џумкар- советник од Алијанса на Албанците.

За продукција на фотографски и видео-материјали за туристичките потенцијали ќе се потрошат 220.000 денари, за билборди, реклами, блогери и инфлуенсери, 300.000 денари. За учество на саеми и форуми надвор од државата и во Струга, еден милион денари.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг