Connect with us

Македонија

Нема мрежа во Битола, граѓаните излезени пред своите домови (Видео)

Published

on

Во моментов телекомуникациска мрежа во Битола е во прекин, информираат жители за ТВ21.

Според нив, во моментов не е возможно да се воспостави телефонски повик, а нема ни интернет.

Граѓаните велат дека не паметат ваков земјотрес, а додаваат и дека вечерта ќе ја поминат надвор од своите домови.

Нешто после 23 часот во Грција беше регистиран силен земјотес со интензитет од 5,5 степени според Рихтер, а се почувствува низ цела Македонија.

Епицентарот на земјотресот бил 4 километри од грчкиот град Лерин (Флорина), кој се наоѓа во близина на Македонија, на длабочина од 10 километри.

Телма пренесува видео:

Македонија

Дисциплинска постапка за лекарите кои ги испишале, сега починатите, близначиња од прилепската болница

Published

on

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со наредба за спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата-близначиња кои починаа на 16 јануари.

Ова стои во наодот на Инспекторатот кој во понеделникот изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница, конкретно во Гинеколошко-акушерското и во неонатолошкото одделение за случајот со починатите новороденчиња.

-Инспекторатот ќе издаде и наредба за задолжително известување на надлежен Центар за социјални работи во случај кога интересите на пациентот односно неговиот родител/старател се спротивставени, а за што од страна на ДСЗИ ќе биде спроведена и соодветна прекршочна постапка. Истовремено ДСЗИ врз основа на Законот за санитарна и здравствена инспекција, до министерот за здравство ќе иницира постапка за стручен надзор над стручната работа на здравствената установа согласно Законот за здравствена заштита, стои во известувањето на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Инспекторатот констатирал дека кога на 10 јануари мајката со потпис, на свое барање заминала од болницата со новороденчињата предвреме родени на 30 декември и со мала тежина, болницата не го известила Центарот за социјални работи.

-Во врска со исписот од установата, од страна на докторите од неонатолошкото одделение, добиен е податок дека мајката инсистирала на испис на новородените и покрај нивното убедување дека треба да останат во установата се нивно целосно адаптирање. И покрај тоа новородените на барање на мајката и со нејзин потпис, испишани се од установата со препорака за доење, витамин Д3 и контрола кај педијатар поради мала тежина. Од страна на установата, во врска со предвремениот испис на новородените, не е доставено известување до надлежниот Центар за социјални работи, се вели во извештајот на ДСЗИ.

Бебињата – близначиња се родија на 30 декември предвреме, во 34-та гестациска недела со мала тежина, под 2 килограми.

На своја рака со потпис мајката на 10 јануари си заминала дома со бебињата. На 16 јануари при тешка здравствена состојба на бебињата, семејството од својот дом во селото Славеј повикало Итна помош и била констатирана смртта на машкото бебе, а женското починало потоа во прилепската болница.

Continue Reading

Македонија

Падна во рацете на полицијата: Тетовец фатен со хероин!

Published

on

На 21.01.2025 во 21.15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(44) од с.Пирок, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Полицијата влезе по Тетовските бутици: Одземена облека со логоа на познати брендови!

Published

on

На 21.01.2025 во период од 13.30 до 14.00 часотво централното градско подрачје на Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во објекти за продажба на текстилна облека, сопственост на А.Д.(29) од с.Требош, тетовско, сопственост на М.М.(33) од Тетово и сопственост на М.Д.(25) од Тетово поради основи за сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓa фирма“ казниво по член 285 од Кривичниот законик. Притоа, од објектите била одземена разновидна облека со лого од познати светски брендови. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк