Connect with us

Балкан

ЗАХАРИЕВА се јави: Зошто ПЕТКОВ ќе оди во Скопје, а Пендаровски две години не најде време за Софија

Посакувам наместо господинот Кирил Петков да оди во Скопје, тој да го покани во Софија новиот премиер на Северна Македонија, како и кај нас, нивниот претседател, кој веќе две години не најде време во својата програма да ја прифати поканата од наша страна, му се обратила вчера во Парламентот поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева на премиерот Кирил Петков.

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија го прашала премиерот, дали има намера да го смени постојниот национален став во однос на европската интеграција на Република Северна Македонија и да го замени со нешто друго. Доколку го смени, додала таа, дали се координирал со коалициските партнери и кога ќе ги информира бугарските граѓани.

Причина за ова прашање е, како што вели Захариева, интервјуто со премиерот, во кое тој најавува нов процес за С Македонија, многу брз, со ограничена временска рамка од само 6 месеци.

Таа му рекла на Петков дека Министерството за внатрешни работи на Бугарија му предложило на Скопје на почетокот на минатата година да се формираат заеднички работни групи по сектори, за што тој сега зборува.– Го замолив да не го урива националниот консензус кој досега го поддржуваа сите политички сили и да не учиме од медиумите за плановите на бугарската влада на оваа важна тема – истакнала Захариева во бугарскиот Парламент.

Балкан

За католички Божик и Нова година без блокади: Границата со Грција се отвора

По повеќе од три недели протести и блокади низ цела Грција, земјоделците најавија дека привремено ќе ги отворат граничните премини и патиштата. Престанокот на блокадите ќе важи во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година, и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.

Според грчките медиуми, овој потег е направен со цел туристите и граѓаните да можат непречено да ги реализираат своите планови за прослава на католичкиот Божиќ и Нова година во соседната земја.

Премиерот Кирјакос Мицотакис истовремено истакна дека голем дел од барањата на земјоделците веќе се исполнети. „Од листата со 27 побарувања, 16 се веќе задоволени или се разгледуваат позитивно. Четири се во процес на дискусија за да се најде решение, додека само седум не можат да се реализираат поради спротивност со европските регулативи или финансиска неизводливост“, објави Мицотакис на Фејсбук.

И покрај тоа, земјоделците не се откажуваат од својата борба. Протестите започнаа на 30 ноември со околу 60 блокади ширум земјата, вклучувајќи и клучни гранични премини.

Со оваа одлука, граѓаните конечно ќе можат да го поминат празничниот период без ограничувања, додека земјоделците продолжуваат да се борат за исполнување на своите незадоволни барања.

Continue Reading

Балкан

Тензии во Нови Пазар: Државниот Универзитет  отпушти 30 професори, студентите излегоа на протест поради таквата одлука

Вчера во Нови Пазар се одржа масовен студентски протест, откако Државниот универзитет донесе одлуки кои предизвикаа силни реакции кај академската и студентската јавност. Студентите излегоа на улица во знак на револт поради укинување на статусот редовен студент на околу 200 лица, како и отпуштање на 30 професори.


Според организаторите, отпуштените професори биле дел од академскиот кадар кој јавно го поддржувал студентското движење, кое започна по трагичниот пад на натстрешницата во Нови Сад.

Студентите оценуваат дека мерките на универзитетското раководство претставуваат притисок и обид за задушување на критичкиот глас во високото образование.
На протестот беа упатени барања за оставка на одговорните во управата на универзитетот, поништување на донесените одлуки и враќање на отпуштените професори, како и враќање на студентскиот статус на засегнатите студенти.


Протестот помина мирно, но со силни пораки дека студентите нема да се откажат од борбата за, како што велат, академска слобода, правда и солидарност. Организаторите најавија дека доколку не се исполнат нивните барања, протестите ќе продолжат и во наредниот период.

Continue Reading

Балкан

Познат идентитетот на македонските државјани кои загинаа во сообраќајната несреќа кај Ниш

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Белград–Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека трет патник е итно пренесен во болница со тешки телесни повреди.


Како што е потврдено, во возилото во моментот на несреќата се наоѓале двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен. Назим Авдиу и сопругата на Шкелзен починале на самото место, додека Шкелзен Авдиу се здобил со тешки повреди и е хоспитализиран, при што според последните информации се наоѓа во критична состојба.


Несреќата се случила при нивното враќање од Германија кон Македонија, а причините за судирот засега не се официјално соопштени. Надлежните српски органи спроведуваат истрага за да се утврдат сите околности под кои дошло до трагичниот настан.


Од македонското Министерство за надворешни работи информираат дека се воспоставени контакти со надлежните институции во Србија, како и со семејството на настраданите, со цел обезбедување конзуларна помош и поддршка за транспорт и административни постапки.


Трагедијата предизвика длабока тага кај јавноста, а бројни граѓани преку социјалните мрежи упатија изрази на сочувство до семејството Авдиу, надевајќи се на позитивен исход и закрепнување на повредениот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг