„Мислевме дека ќе ни се срушат куќите“, битолчани се евакуираа синоќа, заседава Кризниот штаб во Битола

Синоќешниот земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Лерин, поточно на границата со Македонија, беше најмногу почувствуван во Битола, иако потресот беше почувствуван и во Скопје, Охрид, Струга, Прилеп, Струмица и други градови.

Граѓаните во Битола велат дека се вознемириле и сметале дека куќите ќе се срушат.

Потресот предизвика материјални штети. Забележани се испукани ѕидови во куќи и згради.

Голем број Битолчани ноќта ја минаа на отворено откако по земјотресот имаше афтершокови.

YouTube video player

Како изгледа силниот потрес:

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за денес во 11 часот, закажа состанок на општинскиот кризен штаб во проширен состав.

На состанокот главниот акцент ќе биде ставен на две точки:

Првата, состојбата во Битола после вчерашните серија земјотреси и

Втора точка, состојбата со Ковид-19 во Битола.

На состанокот ќе бидат разгледани и дополнителните мерки кои може да бидат преземени од страна на штабот за заштита и спасување на Општина Битола по однос на наведените две точки.

Дел од медиумите јавуваат дека земјотресот срушил една постара куќа во Генимаале во Битола.