СНЕГОТ ИЗНЕНАДИ, на патиштата ХАОС, граѓаните со пцовки и нервоза !

Снегот повторно го изненади јавното претпријатие „Македонија пат“  и тоа замислете среде јануари. Имено, според најавите на УХМР веќе со денови сите граѓани, освен вработените во надлежната институција не знаат дека денес и во наредните денови снегот ќе врне постојано низ целата земја.

Во овие моменти патиштата низ земјава се затрупани со снег, а по социјалните мрежи има сведоштва и за неколку сообраќајни несреќи.

Курир.мк објави фотографии од две сообраќајни незгоди кои се случиле пред малку како последица снегот по патиштата.

Едната се случила на автопатот Велес-Скопје, а другата од Скопје кон Штип.

https://twitter.com/chackalitza/status/1480442826760593408?t=N6lTCpZFQNXEPxZhuy4jwQ&s=19
https://twitter.com/NotTodayButOK/status/1480522564900651011?t=LEb8aXlTAceD7NLSaSrykA&s=19