Connect with us

Спорт

Најубавата вест: Столе Димитриевски е новиот голман на Барселона

Столе Димитриевски го немаше на вчерашниот меч за Рајо Валјекано против Бетис. Тренерот на Рајо објасни дека Столе бил повреден, но и покрај ситната повреда, една од причините е и што деновиве го комплетира трансферот на кариерата!

ЕКИПА дознава дека само прашање на време е неговото заминување од Рајо и преминот во големата Барселона. Веќе има договор, челниците на Рајо ги договорија сите детали, и сега останува само потпис и промоција. Според информациите, Димитриевски веќе се збогувал со соиграчите од тимот, и сега трансферот од соништата е извесен, но сеуште станува збор за неофицијални информации.

Димитриевски го остварува својот сон, станува дел од еден од најдобрите светски клубови. Ќе треба да се бори за место во тимот со Тер Штеген, и покрај тоа што и иднината на Германецот е неизвесна и се шпекулира на негово заминување. Ако тоа се случи, тогаш ќе биде уште подобро за Столе.

Димитриевски сезонава игра фантастично, ја има својата најдобра полусезона во кариерата. Четврти голман во Европа по број на одбранети удари во просек, еден од најдобрите во Шпанија, а беше сместен и во најидеалниот тим на полусезоната во Ла Лига. Одличната форма на Димитриевски го радува и селекторот Благоја Милевски пред баражот со Италија, а своите импресивни партии Столе ги промовираше и во репрезентативниот дрес и беше еден од заслужните што Македонија се пласираше во историскиот бараж.

Димитриевски пред извесен период беше посакуван и од рускиот тим Сочи, но се реши да остане во Рајо и се избори за место во првиот тим, а потоа стана и еден од најдобрите голмани што му донесе голем трансфер. Инаку освен Барселона, за Димитриевски има интерес и од неколку други шпански клубови.

Спорт

Ландо Норис со историска круна во драматичен финиш на сезоната

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, и официјално е новиот светски шампион во Формула 1. Во една од највозбудливите и најнеизвесни сезони во последната деценија, Британецот со минимална предност од само два бода над актуелниот шампион Макс Верстапен ја освои својата прва титула во кариерата.

Во последната трка од сезоната, возена во Абу Даби, Верстапен стигна до победата, но третото место на Норис му беше доволно за да го задржи врвот во генералниот пласман. На подиумот се искачи и Оскар Пјастри, тимскиот колега на Норис во Мекларен, кој заврши втор на трката, а сезоната ја комплетираше како трет во генералниот поредок.

Мекларен одамна ја имаше осигурено титулата кај конструкторите, оставајќи ги зад себе Мерцедес и Ред Бул во една доминантна година за тимот од Вокинг.

Continue Reading

Спорт

Битола во зелено-бела еуфорија: Салата „Боро Чурлевски“ распродадена за дербито со Вардар

Битола повторно потврди дека ракометот е дел од срцето на градот. За дербито меѓу РК Пелистер и РК Вардар, сите билети се распродадени, а салата „Боро Чурлевски“ ќе прелива од навивачи.

Во среда, зелено-белите поддржувачи ќе го претворат спортскиот дом во вистински вулкан на емоции, носејќи го градот низ магијата на ракометот. Традицијата, страста и победничкиот дух на Битола повторно ќе се чувствуваат во секој агол на арената.

Само Битола, само Пелистер, само зелено-белиот дух.

Continue Reading

Спорт

ВАР технологијата добива нови правила на Светското првенство во САД

Првиот човек на судиите во ФИФА, Пјерлуиџи Колина, потврди дека на претстојното Светско првенство во САД ќе бидат воведени значајни промени во ВАР технологијата, со цел да се зголеми прецизноста на судиските одлуки и да се зачува фер-плејот.

Една од најзначајните новини е што ВАР ќе може да интервенира при можен втор жолт картон. Досега системот не се вклучуваше во ситуации поврзани со жолти картони, но од сега натаму, доколку играч веќе има жолт картон и направи прекршок што може да биде основа за втор жолт, ВАР ќе предложи преглед на ситуацијата.

Втората промена се однесува на корнерите. ВАР ќе проверува дали корнерот е правилно досуден, бидејќи во изминатите години често се случуваа голови по погрешно досудени корнери. Проверката ќе се спроведува за 10–15 секунди, без дополнително одложување на играта.

Колина истакна дека главната цел е натпреварите да се решаваат исклучиво според играта на теренот, со минимални интервенции кои не го забавуваат натпреварот.

Овие промени ќе важат само за Светското првенство во САД, по што ФИФА ќе одлучи дали ќе ги воведе во стандардниот ВАР протокол.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг