Mexмедовиќ за Фокус обвинyвa за заговop дека некој намepно ги тepa луѓето да се зapaзуваат со Омикpoн

Доктор Злате Мехмедовиќ од ковид центарот на интерните клиники вели дека во моментот неконтролираното ширење на новата варијанта омикрон значи исклучително многу можности за мутација на вирусот и создавање на нови варијанти, пренесува Фокус.

„Се уште постои емпириска можност за функционално „унапредување“ на САРС-Ков2 и никој не може со сигурност да каже дека тоа нема да се случи, односно дека омикрон ќе биде последната варијанта со која ќе заврши пандемијата.

Мислам дека сериозен проблем преставува промовирањето на тезата за намерна експозиција на оваа условно кажано „лесна-блага“ варијанта на вирусот со цел да се создаде суперимунитет, па дури се промовира и да не се носат маски на затворено, да нема затворање на рестораните и кафаните, како и да не се користат ковид сертификати“, објаснува доктор Мехмедовиќ за „Фокус“.

Според него, повеќето луѓе ги поминале последните две години борејќи се да го избегнат ковид 19, а сега некој ги потикнува да го направат спротивното.

„Таквата девијантна логика е налик на логиката со која родителите намерно ги изложуваат своите деца во средина каде има сипаници за да создадат имунитет, што е апсолутно погрешно. Кажавме дека омикрон е неверојатно високо пренослив и многу луѓе, прележани, вакцинирани и невакцинирани ќе се заразат за време на овој бран“, додава доктор Мехмедовиќ.

Извор: ФокусShare on F