Connect with us

Македонија

Полицајка нападнала обвинителка во Битола

Published

on

Јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство Битола била нападната на своето работно место.

Таа била нападната вчера во 14 часот. Според неофицијални информации, кои не се потврдени, била нападната од полициска службеничка по претходно недоразбирање околу записник за дадено сведоштво. 

Според информациите од СВР Битола, таа почнала агресивно да се однесува и сакала да го одземе предметот, го искинала и потоа ја повредила јавната обвинителка. Веднаш потоа биле повикани полициските службеници од Основниот суд во Битола кои ја отстраниле од просториите на Обвинителството.

Од битолската полиција велат дека работат на расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија

Нови хуманитарни паркинг места во Битола – Сите приходи одат за добротворни цели

Published

on

Во Битола наскоро ќе започне со работа нова хуманитарна иницијатива на Јавното претпријатие Паркинзи Битола, со која се поставени пет нови паркинг места, од чиј приход целосно ќе се поддржуваат хуманитарни цели. Паркинг местата се лоцирани веднаш до крстосницата на улицата 11-ти март со улицата Филип Втори Македонски, наспроти локацијата на поранешниот Јавор.

Оваа иницијатива доаѓа по едногласната одлука на претпријатието и е дел од напорите на ЈП Паркинзи Битола да ја вклучи локалната заедница во поддршка на добротворните активности. Со користење на овие паркинг места, граѓаните директно придонесуваат за благосостојбата на најзагрозените во заедницата, што ја покажува солидарноста и грижата на Битолчани кон најпотребните.

Наплатата на овие места ќе започне наскоро, а очекувањата се дека средствата собрани преку оваа иницијатива ќе бидат значајни и ќе обезбедат поддршка за различни добротворни проекти и активности.

Со оваа одлука, ЈП Паркинзи Битола испраќа силна порака за социјална одговорност и го повикува секој граѓанин да го даде својот придонес во овој важен хуманитарен проект.

Continue Reading

Македонија

Филмска потера: Додека се бркал со полицијата од „мерцедесот“ фрлил „калашников“ со вграден бајонет

Published

on

Поведена е истражна постапка од страна на Јавното обвнителство Гостивар против лице кое пред два дена учестувало во брканица со полицијата на магистралниот пат Маврово – Гостивар. Ова лице се товари за извршило кривично дело „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи, согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик“.

Како што соопштуваат од обвинителството се работи за 30-годишен гостиварец, кој на 6 ноември управувал автомобил „Мерцедес –А класа“ по магистралниот пат А2, во правец Маврово-Гостивар.

„Кај асфалтната база – каменолом „Јефута“ полициски службеници му дале знак да застане заради контрола и преглед на возилото. Но, тој не ја почитувал дадената наредба и со голема брзина се упатил кон Гостивар. Полицајците се впуштиле во потера и го следеле со службени возила и во близина на Здуњски мост забележале дека преку прозорот на автомобилот фрлил автоматска пушка. Осомничениот подоцна бил запрен и приведен, а била пронајдена и автоматската пушка со вграден бајонет, чие поседување за граѓаните е целосно забрането, како и рамка со два куршуми со калибар 7,62 милиметри“, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложил на ова лице да му се определи мерка притвор зошто пости опасност осомничениот да се даде во бегство.

Continue Reading

Македонија

ЈПДП прави план за изградба на згради во Битола, Штип и Скопје, целта е регулација на цената на квадратот

Published

on

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски вели дека Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПДП) прави план за изградба на нови станбени згради во Битола, Штип и Скопје, со цел да се регулира цената на станбениот квадрат, бидејќи токму ова јавно претпријатие треба да е регулатор на цената на станбениот квадрат

Тој истакна дека последната комерцијална зграда од страна на ЈПДП во Битола е изградена пред 13 години, а во Штип какошто рече веројатно и никој не се сеќава кога.

-„Улогата на ова јавно претпријатие е да ја регулира цената на пазарот со цел градежниците да неможат да имаат екстремно високи цени, да имаат монополи и на тој начин да го цицаат народот. За Битола најавивме дека ќе одиме со цени кои ќе се за 30-40 проценти пониски од тоа што е пазар во моментот“, вели Николоски.

Тој најави дека работат и интензивно на проектот „Купи или изгради куќа за млади“, каде за купување или изградба на куќа за млади брачни двојки ќе има големи поволности, кои ќе покриваат и до 50 проценти од трошоците за изградба или за купување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк