Скандалозно однесување на црногорски репрезентативец: Ласица ги плукна македонските навивачи!

Црногорскиот ракометен репрезентативец Марко Ласица вечерва наместо да биде голем во победата на својот тим, тој го покажа своето непочитување и домашно воспитување.

Откако Црна Гора ја победи Македонија 28-24 во второто коло на Европското првество кое е е во тек, Ласица ги плукна навивачите на Македнија стационирани на дел од трибината во Дебрецин!, објави „Дриблинг“.

Ласица постојано ги провоцираше нашите навивачи, по завршувањето на мечот, дојде до навивачите, ги плукна и замина!