Connect with us

Балкан

(ВИДЕО) Вучиќ: Зошто го малтретирате Ѓоковиќ и зошто се изживувате врз цела една нација

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги искористи социјалните мрежи за да ја коментира ситуацијата во врска со Новак Ѓоковиќ и неговиот настап на Австралија опен.

Се соочуваме со многу проблеми и притисоци, но она што нам како народ никогаш не успеале да ни го одземат се срцето, гордоста и достоинството. Ова го велам поради она што последните денови се случува во Мелбурн, но не поради добивање политички поени. Нападите и притисоците врз Новак Ѓоковиќ, државјанин на нашата земја, од непознати причини достигнаа такви размери што е невозможно, за мене, да не кажам што мислам и каков е нашиот одговор за Австралија. Не би рекол ниту збор доколку по новата одлука на извршните органи на австралиските власти да му ја одбијат визата на Новак Ѓоковиќ не се огласи нивниот премиер поздравувајќи ја таквата одлука. Зачуден сум од фактот што такви одлуки може да носат органи на извршната власт, а по одлуката на судските органи. Често ни држат предавања за владеење на правото, можете да замислите кога некој министер во Србија би можел да ги поништи одлуките на судиите? Со ова ни покажаа како изгледа небитно правосудство бидејќи целата власт е во рацете на извршните органи“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија запраша зошто воопшто на Новак уште пред заминувањето на турнирот не му било кажано дека не може да добие виза, односно зошто веднаш не бил одбиен.

„Зошто го малтретирате и зошто се изживувате не само над него и неговото семејство туку и врз цела една нација, слободна и горда. Дали е потребно да се победи на избори? Дали е потребно да се задоволи јавноста? Ете, овде се појави претседател на една мала држава, кој смее да му го каже тоа на премиер на голема држава, а можам да го кажам тоа затоа што ја зборувам вистината и затоа што знаете дека е така“.

Вучиќ на крајот упати зборови за поддршка до најдобриот тенисер во светот.

Балкан

Дискусија во Корча: ОБСЕ ги поврзува македонското и другите малцинства во Албанија

vasil sterjovski

Под покровителство на ОБСЕ, во Корча се одржа значајна тркалезна маса, посветена на правата на малцинствата во Албанија. Во фокусот на дебатата беа горливите предизвици со кои се соочува македонската заедница, а нивните барања силно ги артикулираше Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

На средбата присуствуваше и амбасадорот на ОБСЕ во Албанија, Мишел Таран, со чија поддршка Стерјовски изрази длабока благодарност за посветеноста на Организацијата кон малцинските права.

Стерјовски остро ги потенцираше клучните прашања за кои е неопходна итна поддршка. Тој побара зајакнување на образованието на македонски јазик – клучен столб за зачувување на националниот идентитет, загарантирани квоти за малцинствата во албанското Собрание – за обезбедување соодветна политичка застапеност, поголема застапеност на Македонците во институциите на сите нивоа и поддршка за економски развој на регионите населени со Македонци, како начин да се запре иселувањето.

Во исклучително отворен тон, Стерјовски посебно се осврна на, како што нагласи, „актуелната политика на Бугарија за асимилација на Македонците во Албанија”.

„Ова е сериозен предизвик за нашиот идентитет и култура“, предупреди Стерјовски, додавајќи дека ваквите притисоци претставуваат директна закана за опстанокот на заедницата.

На крајот, претседателот на МАЕИ изрази огромна благодарност до амбасадорот Таран за неговата „безрезервна поддршка и охрабрувачките зборови”, кои, како што заклучи, им даваат нова сила и мотивација да продолжат со „борбата за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура”.

Continue Reading

Балкан

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со повик до Македонците во Албанија да се самоизјаснат за Македонци

Драги сограѓани Македонци во Република Албанија,

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви се обраќа со овој отворен и искрен повик, во момент од особено значење за афирмацијата на нашиот идентитет, достоинство и права како автохтона македонска заедница во Албанија.

Врз основа на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“ и Одлуката на Советот на министри „За утврдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лицата кои припаѓаат на националните малцинства“, секој граѓанин има неотуѓиво право слободно да се самоидентификува, без притисок и без страв, како припадник на официјално признаено национално малцинство.

Овој процес претставува значаен чекор кон:

  • зачувување и зајакнување на македонскиот национален, јазичен и културен идентитет;
  • унапредување на институционалната застапеност на македонската заедница;
  • креирање на поправедни државни политики, прилагодени на реалните потреби на националните малцинства;
  • гарантирање поддршка и одржлив развој на нашата заедница.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува повик до сите Македонци во Република Албанија без двоумење да се самоизјаснат, со пополнување на соодветните формулари за самоидентификација и нивно доставување по пошта до Комисијата формирана при Министерството за внатрешни работи, согласно утврдените постапки.

Сакаме јасно да нагласиме дека:

  • процесот се темели на принципот на слободно самоидентификување;
  • личните податоци се заштитени во целосна согласност со законодавството за заштита на приватноста;
  • не постои никаков ризик ниту негативна последица за граѓаните кои ја изјавуваат својата национална припадност.

Самоизјаснувањето не е само законско право, туку и чин на граѓанска и национална одговорност, кој го зајакнува нашиот колективен глас и ја обезбедува иднината на идните генерации.

Заедно, со храброст, свест и доверба, да придонесеме во изградбата на пофер, поинклузивно и подемократско општество, во кое македонскиот идентитет во Република Албанија се почитува, признава и поддржува.

Continue Reading

Балкан

Трагедија на планина во БиХ: Спасувачи со часови се бореа да го извлечат телото на загинатиот планинар

Исклучително тешка и напорна акција за извлекување на телото на трагично починатиот планинар ја одбележа вчерашната вечер на планината Височица во Босна и Херцеговина.

Спасувачката операција, која започна уште во недела попладне, се претвори во вистинска драма. Непристапниот терен и исклучително тешките физички услови драстично ја отежнаа мисијата на храбрите тимови.

„Се надеваме дека хеликоптерот ќе може да пристапи, во спротивно евакуацијата ќе продолжи цела ноќ. Теренот е исклучително тежок“, објавија спасувачите на својот Фејсбук профил, најавувајќи ја исцрпувачката ноќ пред нив.

Надежта дека хеликоптер на ЕУРОФОР ќе може да го извлече телото згасна со паѓањето на темнината. Иако локацијата првично беше проценета како погодна за воздушен транспорт, ноќта ги принуди спасувачите да продолжат со пешачка евакуација.

Во битката со планинските предизвици учествуваа 20 несебични спасувачи од Службата за спасување Прењ, ГСС Јабланица и ГСС Кантон Сараево, кои вложија надчовечки напори во оваа тажна мисија.

Video | Facebook

Video | Facebook

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг