Connect with us

Балкан

“ЃОКОВИЌ, ДА СИ ПРИНЦ СИЛУВАЧ НА ДЕВОЈЧИЊА СИТЕ ВИЗИ ЌЕ ТИ БЕА ВАЛИДНИ“

Published

on

Никогаш по брутален текст на Ведрана Рудан.

За западњаците Ѓоковиќ е дивјак на кого треба да му се покаже што е демократија. Лопуни и силувачи ништо не треба ни да покажуваат ни да докаќуваат. Тие многу добро знаат помеѓу нивната демократија и фашизмот нема разлика… – пишува Рудан.

“… Дали некогаш шефовите на Австралија се огласиле на таа тема? Принцот Ендру, наместо своите денови да ги поминува на робија во темница со оние слични на него, седи во дворецот и чека Австралија опен. Лудиот англиски премиер Џонсон неодамна со брлавење го средил својот лов кој му го подарил тамошниот тајку. Прашање над сите прашање гласи, дали Џонсон се однесува како “Балканците“, кога сме веќе нај лоши, или се однесуваме како Џонсон?

Мислите дека овие двајца немаат врска со Ѓоковиќ? Имаат, имаат. За западњаците Ѓоковиќ е дивјак на кого треба да му се покаже што е демократија. Силувачите ништо не треба ни да покажуваат ни да докажуваат, бидејќи знаат дека меѓу нивната демократија и фашизам нема разлика.

Ноле да си принц, силувач на девојчиња, премиер криминалец или премиер кој преку лешеви на спортисти се бори за нов мандат сите патишта би ти биле отворени, сите визи би ти биле валидни. Вака… Вака си само симбол за оние кои не се малубројни, кои не капираат дека светот се дели на “диви Балканци“ и “цивилизирани криминалци“.

Vecer.mk

Балкан

Каракачанов: Сепаратистички се барањата Македонците во Бугарија да имаат свои организации

Published

on

Шефот на македонската влада побара признавање на пресудите од Стразбур за македонската заедница во Бугарија и признавање на македонскот јазик, култура и посебност.

„Треба да видиме дела, а дела според мене претставуваат признавање на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Јасно и недвосмислено признавање на многувековниот македонски идентитет и јасно и недвосмислено признавање на многувековната македонска култура, традиција, обичаи, и јасно и недвосмислено признавање на македонскиот јазик кој е официјален јазик во ОН од 1945. Мораме да ги почитуваме принципите, во спротивно имаме сериозен проблем“ рече премиерот Христијан Мицкоски.

На ова со објавана Фејсбук се огласи Красимир Каракачанов:

„Го потсетувам македонскиот премиер Мицкоски дека како шеф на земја која аплицира за членство во Европската Унија, мора да одржува добри односи со соседните земји и пред сѐ да го почитува Договорот потпишан на 1 август 2017 година. Во него, во Членот 11 јасно вели дека ниту една страна нема да дозволи организации и групи кои се занимаваат со сепаратистички активности или имаат територијални претензии“.

За зборовите на Мицкоски дека се бара „јасно и недвосмислено признавање на вековниот македонски идентитет, на вековната македонска култура, традиција, обичаи и македонскиот јазик“, лидерот на ВМРО-БНД додава:

„Но, се разбира, јасно и недвосмислено се признава дека тие се Бугари. И тоа го докажуваат не бугарските историчари и политичари, туку стотици странски историчари – византиски, турски, американски, француски, германски, руски, кои во своите дела пишуваат само и исклучиво за Бугарите во Македонија, а не за каков било македонски идентитет“.

Continue Reading

Балкан

Точеле помалку гориво кое дополнително го продавале: Разбиени криминална група за измами со гориво на бензински пумпи

Published

on

Грчката полиција разбила две криминални групи во Солун и Атина, кои на бензински пумпи инсталирале специјален софтвер со кој се точела помала количина на гориво, со што краделе бензин од граѓаните и дополнително го продавале, а според медиумите во Грција, уапсени се над 55 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду за телевизијата „Опен“ рече дека во предметите за двете криминални организации во Солун и Атина вклучени се над 55 лица и објасни дека на бензиските пумпи бил инсталиран специјален софтвер со чија помош за време на точењето гориво запирало мерењето со што потрошувачот добивал помала количина бензин, а плаќал регуларно, додека останато гориво било продавано „на црно“.

Зад конкретниот софтвер стојат две компании, одговорните се веќе уапсени, а било откриено дека оваа програма била инсталирана на над 50 бензински пумпи во цела Грција.

Според грчките медиуми, во рамките на акцијата биле извршени проверки на бензински пумпи и магацини во Атина, Солун, Александруполи и Лариса, а запленети биле над 100.000 евра.

Continue Reading

Балкан

МАЕИ на парламентарните избори со социјалистите на Еди Рама

Published

on

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори, на 11 мај, ќе настапи на заедничка листа со владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама.

– По разговорите што ги имавме со претставници на партијата, договорен е заеднички настап на изборите со социјалистите, откако добивме гаранција дека на отоврените листи, пред сè на онаа во изборна единица Корча, ќе имаме наши кандидати. Договорот го потпишав јас во име на нашата партија и Нико Пелеши, координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија, потврди за МИА, Ендрит Фетаху, потпретседател на МАЕИ.

Според него, во потпишаниот договор стои дека МАЕИ има право да предлага свои претставници за политички функции на централно и локално ниво, согласно договорот и принципите на соработка.

– Во Корча, нашата партија има право да предложи кандидат на отворената листа на Социјалистичката партија за парламентарните избори на 11 мај 2025 година. Партијата Македонска алијанса за европска интеграција е посветена на поддршка на Социјалистичката партија во сите региони на Албанија, придонесувајќи за зголемување на изборната поддршка и заедничка победа на коалицијата, според Фетаху, стои во договорот.

Исто така, посебна одредба во договорот е околу обврската за македонското малцинство, за подобрување на условите во повеќе области.

– Социјалистичката партија на Албанија е посветена на поддршка и гарантирање на правата на македонското малцинство во Албанија, во согласност со меѓународните стандарди и законските обврски на земјата. Социјалистичката партија ќе даде приоритет на инвестициите во инфраструктурата, образованието, водоснабдувањето, канализацијата и други витални сектори за развој на областите со македонско население, како што се Преспа, Голо Брдо и Гора, со цел да се подобри квалитетот на животот на жителите од овие области, се обврзуваат социјалситите.

Исто така, Владата предводена од Социјалистичката партија ќе ја поддржи и унапредува наставата на македонски јазик, онаму каде што постојат потребните услови, согласно законската рамка што го регулира образовниот систем на Република Албанија.

Рокот за доставување на кандидатските листи до Централната изборна комисија истекува денеска на полноќ.

Претходно, МАЕИ потпиша договор со Демократската партија на Сали Бериша, но поради неисполнување на дадените гаранции поднесе барање до ЦИК да биде избришана од ова изборна коалиција.

– Тоа од причина што не беше испочитуван договорот наши претставници да бидат на отворените кандидатски листи. Наша цел не е бидеме само декор во некоја коалиција, туку силен политички субјект кој ќе има свој претставник во новиот албански законодавен дом, рече претходно Фетаху за МИА.

racin.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк