Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ веќе ја напуштил Австралија, по судкста одлука да му се укине визата.
Српскиот тенисер е виден како се влегува во авион на компанијата „ Emirates“ на аеродромот во Мелбурн кој лета за Дубаи, само неколку часа по судиската одлука наведе Ројтерс.
Novak Djokovic filmed at Melbourne Airport after losing his judicial review against the cancellation of his Australian visa. The tennis star has left the country on a flight to Dubai | https://t.co/hVG3N5WWJy pic.twitter.com/h1qkBepHkx
— RTÉ News (@rtenews) January 16, 2022
Српскиот претседател, Александар Вучиќ се обрати откако австралискиот суд пресуди во полза на тамошните власти и одлучи да ја поддржи одлуката за депортација на Новак Ѓоковиќ.
Рекетот број еден ја загуби битката пред австралискиот суд и ќе мора да се врати дома. Брзо по донесената одлука со изјава се јави српскиот претседател Александар Вучиќ.-Тие мислат дека со таа одлука го понижија Новак Ѓоковиќ. Тие се понижија себе, а Ѓоковиќ може да крене глава и да се врати во својата земја и секој да го погледне во очи. Вие 10-11 денови го малтретирате за да му ја дадете одлуката која сте знаеле дека ќе му ја дадете од првиот ден. Да сте рекле дека ако не е вакциниран нема да влезе во земјата, тој воопшто не би доаѓал или би се вакцинирал. Вака сте оставиле можност за медицинско изземање. Врз основа на тоа тој дојде кај вас и направи сè што требаше да се направи, а потоа следуваше шиканирање и малтретирање од невидени размери, медиумски линч и лов на вештерки бидејќи веројатно на Новак Ѓоковиќ сакаа да покажат како функционира светскиот поредок за лов на вештерки и како можат тоа да му го направат на секој, вели Вучиќ.
Тој исто така се повика и на процентот на вакцинација цо Србија.
-Велат дека во Србија се вакцинирани под 50 проценти од граѓаните. Немојте да лажете, бидејќи официјално се вакцинирани 58 проценти, тоа е повеќе од многу земји во ЕУ, особено во нашето окружување. Тоа беше бесмислен аргумент, додава Вучиќ.
Во март Србија е домаќин на Светско атлетско првенство во сала. Вучиќ вели дека тие нема да ги пречекаат австралиските спортисти на ист начин.
-Ние нема да се изживуваме врз нив и да покажуваме сила. Ќе покажеме дека сме подобри од австралиската влада. Му благодарам на австралискиот народ за кој сум сигурен дека го сакаат српскиот народ исто како што и ние ги почитуваме нив, рече тој.
