Како сиромашната Русинка стана ЕДНА ОД НАЈПОСАКУВАНИТЕ ЖЕНИ НА СВЕТОТ (ФОТО)

Русинката Ирина Шајк е родена на денешен ден во 1986 година во рускиот град Јеменжелинск.

Кога имала 14 години, нејзиниот татко Валери Шаихисламов ненадејно починал. За неа тогаш се грижела нејзината баба Галина, мајката на нејзиниот татко, која и била најголем пример. Сонот на Ирина да избега од Русија почнал да се остварува кога нејзината мајка случајно видела оглас за локално училиште за убавина на автобуската станица.

Ја зела и сестрата на Ирина, Татјана, а соседната врата водела до агенцијата за модели. Вработените ја забележале Ирина додека ги чекала мајка си и сестра си и веднаш сфатиле дека наишле на нешто посебно.

„Всушност сакав да станам новинар. Но, како и да го замислував мојот иден живот, некако бев сигурна дека ќе го напуштам родниот град. Чувствував дека тоа е мојата судбина”, изјави таа во една прилика.

Нејзините поранешни сограѓани се сеќаваат дека нејзината мајка Олга напорно работела како професорка по музика и дека нашла друга работа за да врзе крај со крај.

Тоа е сосема различно од нејзиниот сегашен, гламурозен живот. Тогаш немале пари за основни потреби, а камоли за луксуз.

„Мајката на Ирина работеше како робинка за своето семејство. И Ирина беше решена да ја искористи секоја шанса да оди во Москва, а потоа и на остатокот од светот “, рече еден од соучениците на Ирина.