ТРАГЕДИЈА – Млади фудбалери од соседството загинаа во страшна сообраќајна несреќа (Видео)

Ноќеска загинаа двајца деветнаесетгодишници во сообраќајна несреќа во близина на Вршац, Србија.

Станува збор за младите фудбалери Маријан Мариќ и Кристијан Миошко.

Од засега непознати причини возилото „рено меган“ кое се движело од правец на Уљма излетало на почетокот на мостот од коловозот, ја пробило оградата и завршило во каналот Дунав-Тиса-Дунав. Немало спас за двајцата млади момчиња во тој автомобил.