Connect with us

Свет

Рycиja донесе закон за доживотен затвop за педофили

Published

on

Руската Државна Дума денеска на трето читање едногласно го усвои предлог-законот со кој се предвидува доживотен затвор за педофили на кои веќе им се судело за насилство врз малолетници, како и за првпат извршено насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години.

Максималната казна предвидена во документот ќе биде изречена за повторени дела на сексуално насилство врз малолетници. Доживотни казни се предвидени и за лица кои за вакво дело првпат се гонети, а жртви им се две или повеќе лица, како и во случаи кога делото е придружено со друго тешко или особено тешко кривично дело.
Со измените од второто читање пратениците прецизираа дека доживотен затвор ќе се изрече за особено тешки кривични дела против половиот интегритет на сите малолетни лица, а не само на лица помлади од 14 години, како што е сега.

– Судот сега има можност засекогаш да изолира криминалец педофил од општеството, рече Ирина Панкина, прв заменик-претседател на парламентарна комисија.

Свет

Загрижувачка анкета: Половина од Американците веруваат дека Трамп е „премногу близок“ со Русија!

Published

on

Повеќе од половина од Американците, вклучително и секој четврти републиканец, веруваат дека претседателот Доналд Трамп е „премногу блиску“ до Русија бидејќи радикално ја менува надворешната политика на САД, покажува новата анкета на Ројтерс/Ипсос, пренесе БТА.

Истражувањето, завршено во средата, исто така покажа дека експанзионистичката агенда на Трамп, која говореше за стекнување на Гренланд, Канада и Панамскиот канал, не добива силна поддршка.

Околу 56 отсто од испитаниците – 89 проценти од демократите и 27 посто од републиканците – се согласуваат со изјавата дека Трамп е премногу блиску до Москва.

Четириесет проценти од испитаниците не се согласуваат со оваа изјава, а четири отсто не одговориле на прашањето.

Анкетата на Ројтерс/Ипсос, исто така, покажа дека многу Американци поддржуваат клучен елемент од неговиот пристап да и помогне на Украина. Четириесет и четири отсто од испитаниците во истражувањето рекле дека го поддржуваат планот на Трамп да ја „врзе американската воена поддршка за Украина со САД да добијат дел од рудното богатство на Украина“.

Две третини од републиканците ја поддржуваат идејата, како и секој петти демократ.

Севкупно, рејтингот на Трамп се одржува стабилен во изминатите неколку недели на 44 проценти.

Continue Reading

Свет

Поранешниот советник на Путин: Русија стравува од едно сценарио во прекинот на огнот

Published

on

Владимир Путин веројатно ќе одговори на предлогот за прекин на огнот со свое барање, изјави поранешниот советник на рускиот претседател, Сергеј Марков.

Во интервју за SkyNews, Марков изјави: „Русија се плаши дека периодот на прекин на огнот може да се искористи за целосна милитаризација на украинското општество од страна на НАТО“.

Затоа, како што тврди, Путин најверојатно ќе побара ембарго за испорака на оружје за украинската армија од други земји.

Кога новинар го прашал за можноста за испраќање мировници од европските земји, Марков се насмеал и одговорил: „Британските и француските трупи се дел од војната“. Тој додал дека мировниците обично доаѓаат од неутрални земји.

„Сите војници од европските земји ќе бидат сметани за окупатори, а руските војници ќе ги убиваат сите бидејќи дошле да ја ослободат Украина“, рече Марков.

Тензиите се зголемија кога беше прашан дали Русија ќе ги смета британските мировници за непријатели и учесници во војната.

„Да, затоа што Британија е учесник во војната“, одговори Марков, имајќи ја во предвид воената помош што Обединетото Кралство ја дава на Украина.

Continue Reading

Свет

Трамп во одговор на новинарско прашање, го откри следниот чекор на САД

Published

on

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Главна тема на оваа средба ќе биде војната во Украина и актуелната ситуација во однос на предложениот едномесечен прекин на огнот. Средбата се одржува во Белата куќа и ќе биде зад затворени врати.

Претходно, Трамп и Руте накратко се појавија пред новинарите. Претседателот изјави дека „се надева оти Русија ќе постапи правилно“, додавајќи дека изјавата на Путин е „ветувачка, но не и целосна“.

Особено внимание привлекла изјавата на Трамп, пренесена од Ројтерс, кога тој беше прашан за американските напори да го заземат Гренланд. И додека Руте не сакал да коментира, Трамп одговорил: „Мислам дека припојувањето на Гренланд ќе се случи. Нашата администрација активно работи со Данска и Гренланд, ќе направиме договор. Ова е неопходно за меѓународната безбедност“, изјавил Трамп.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк