Групно фаќање на крстот во Скопје од водите на Вардар (Фото)

По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода” кај х. Холидеј ин во Скопје денеска се одржува традиционално осветување на водите на Вардар и положување на Чесниот крст.

По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со Ковид-19, годинава продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води, во организација на Скопската православна епархија при МПЦ-ОА. Бројот на луѓе кои можеа да влезат во водите беше ограничен.

Согласно мерките и препораките, во Вардар ќе влегоа 30 -тина уѓе кои се договорија грубно да го фатот крстот положен во водите на реката Вардар.