Игор ја буди Илина: Дали ме сакаш или ме посакуваш… (Видео)

Игор објави на Инстаграм видео снимено покрај спокојот и убавината на Дојранското Езеро. Видеото е посветено на неговата сакана Илина, во кое тој на уникатен начин ја буди и повикува. И самата објава покрај видеото е единствена, како и самиот Џамбазов.

„Дојрански будилник за поспани скопјанки…@ilina_arsova“, напишал актерот покрај видеото во кое го пее рефренот од хитот на пејачката Калиопи „Дали ме сакаш“.

„Дали ме сакаш или ме посакуваш, ајде станувај Илина Арсова…“, ѝ пее Игор на својата сакана.