Connect with us

Македонија

„Двоен аршин е да се внесат Бугари во македонскиот Устав, а да не споменува македонско малцинство во Бугарија“

Published

on

Ова да внесеме бугарска заедница во нашата држава е според е двојниот аршин, бараат да не се споменува македонско малцинство во Бугарија, а ние да внесеме бугарско во преамбулата, изјави  за „Тема на денот“ на Сител Никола Димитров  екс министер за надворешни работи и екс вицепремиер за евроинтеграција, контра изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ кои сметаат дека не е проблем Бугарите да влезат во македонскиот устав, а молчат за Македонците во Бугарија.

– Бугарија имаше барање да декларираме дека македонско малцинство, ама ако ние тоа го кажеме ќе биде мешање. Дали некои луѓе се малцинство не може да биде предмет  на политичка декларација на Бугарија, тоа е право на изнесување на тие луѓе, рече тој.

Според него луѓето треба да имаат права да се здружуваат, да имаат свои организации, да се грижат за заеднички интерес и овој сегмент не може да значи мешање во внатрешните работи на Бугарија.

– Кога го презентиравме договорот за пријателство прашањето за малцинството беше посебно. Прашањето дали една група на луѓе се малцинство е прашање за таа група во 21 век во Европа. Ние така се однесуваме кон сопствените граѓани и државите членки на европската Конвенција за човекови права, посебно на Рамковната конвенција за национални малцинства, Советот на Европа презеле обврски дека овие права ќе ги почитуваат, изјави Димитров.

Македонија

Истрага за обид за разбојништво

Published

on

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, сторено согласно член 19 (во обид), како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата “Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.

Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено.

При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Continue Reading

Македонија

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

Published

on

„Ладниот Метеоролошки феномен „Ла Ниња” моментално е со најсилен интензитет, и тоа ќе трае во следните 2 до 3 месеци со најголем интензитет, а овој ладен феномен ќе го има и во пролетните и летните месеци, па така да сето ова не би требало да дозволи да имаме екстремно топло лето, особено како минатото во 2024 година, вели метеорологот Славчо Попоски.


„Според ова, годинешното лето ќе биде далеку посвежо и поврнежливо, а секако, големи се шансите и за доцни мразеви во пролетните месеци, а да не не изненади и пролетен снег оваа година, во месеците Март, па дури и Април“, вели Попоски.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски заминува во САД каде ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе замине за САД каде што на 20 јануари во Вашингтон ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп.

Мицкоски на 20 јануари, според владино соопштение, ќе присуствува и на свеченоста насловена како „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите Трамп медиа и Рампл.

Најавено е дека за време на престојот во Вашингтон, македонскиот премиер ќе се сретне со Хауард Лутник, ко-претседавач на тимот за транзиција на претседателот Доналд Трамп и министер за трговија, Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација и со извршниот директор на Рамбл, Крис Павловски.

Од Владата посочуваат дека се можни и повеќе други средби.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк