Connect with us

Македонија

По малата казна која ја доби возачот, се огласи Гордана Шаулиќ – имаше само една работа да му порача на убиецот на пејачот

Published

on

Алсин Левант, возачот на возилото кое го усмри Шабан Шаулиќ е осуден на три години и 3 месеци затвор, а за болната тема за првпат проговори неговата вдовица Гордана Шаулиќ.

-Три години чекање и мачење, агонија која траеше, средба со таа личност… Имаше дрога и алкохол во крвта, а не возење од невнимание. Не би сакал да кажам ништо грдо. Тоа беше мала соба, влезе човек со качулка и маска, држеше книга пред лицето, се трудев да не го гледам, не сакав да се сеќавам на тој лик. Тој се изјасни за виновен, возел 160 на час, а дозволено е 80. Толку е срамно. Ништо не ни значи таа реченица, но тој веќе три години шета, пие, јаде, живее нормално, додека овие двајца ги нема“, рече Гоца.

Таа додала дека како семејство повеќе нема да се појавуваат на овие рочишта бидејќи е многу стресно.

-Не знаеме што ќе добиеме, но ќе се обидеме максимално да ја задоволиме таа правда. Мора да се знае дека му се судеше на германски државјанин, а се работи за двајца странци. Продолжуваме со нашата болка. Стојадиновиќ е исклучително тежок и психички, човекот остана инвалид“, додаде Гордана.

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Горно-Долно Лисиче

Published

on

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Горно-Долно Лисиче

Continue Reading

Македонија

Возот серија 411 103-104 повторно во служба на патниците!

Published

on

По четири месеци пауза, патничкиот воз серија 411 103-104 повторно е во сообраќај! Со целосно нови тркала и зголемена функционалност, возот е ставен во служба на патниците на популарната релација Скопје – Гевгелија – Скопје.

Железници на Северна Македонија продолжуваат со своите напори за унапредување на железничкиот превоз, обезбедувајќи сигурни и удобни патувања за сите корисници.

Од компанијата најавуваат уште една позитивна вест: вториот патнички воз на релација Скопје – Гевгелија, кој беше укинат во март 2024 година, наскоро ќе биде вратен во сообраќај.

Continue Reading

Македонија

АД ЕСМ: Новиот топловод под мостот „Беласица“ проработи без прекини

Published

on

Новиот топловод под мостот „Беласица“ од ноќеска е целосно ставен во функција и обезбедува стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија, информира АД ЕСМ.

Новиот топловод под мостот „Беласица“ од ноќеска е целосно ставен во функција и обезбедува стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија, информира АД ЕСМ.

Откако вчера најави дека можно е да има прекини во испораката при поврзувањето на топловодот, денеска АД ЕСМ информира дека се поминало без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката на топлинска енергија.

Соопшти дека поставувањето на новите топловодни цевки е завршено „во рекордно краток период од помалку од два месеца, благодарение на високата ефикасност и посветеноста на тимовите на АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина“.

-Иако првично беше предвидено привремено прилагодување на квалитетот на испораката за мал дел од корисниците за време на финалните активности, ефикасната координација и професионалноста на екипите овозможија поврзувањето на новиот топловод со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија да помине без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката. Задоволен сум што со тимска работа и вложување на натчовечки напори успеавме да го завршиме зафатот за 40 дена и овој капацитет веднаш да го ставиме во целосна функција, истакнува Петар Милетиќ, директор на ЕСМ-Дистрибуција на топлина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк