Пожарот во Жито Битола изгаснат, пожарникари останале цела вечер

Пожарот во објектите на Жито Битола е изгаснат околу 22,30 часот, информираат од Центарот за управување со кризи.

Од таму додаваат дека како превенција, до утринските часови на лице место ќе останат 2 ПП возила и 7 пожарникари.

Пожарот избувна денеска околу 17:20 часот. На лице место излегоа дваесетина возила. На терен беше и градоначалникот Тони Коњановски. Во моментот на избувнување на пожарот во објектот имало двајца вработени, кои успеале навреме да излезат од објектот.