Connect with us

Македонија

Шекеринска, Димитров и Царовска во проблеми: Левица ќе поднесе предлог закон за укинување на апанажата

Партијата Левица преку соопштени информира дека ќе поднесат предлог закон за укинување на апанажата.

Најголем дел од министрите кои што повеќе не се дел од Владата, максимално користејќи ги сите функционерски привилегии, ќе продолжат да земаат плата од Буџетот на Република Македонија и по престанокот на нивната функција, односно таканаречената апанажа.

На листата на министри кои што се пријавиле да земаат плата, и покрај тоа што не се на функција, се и Радмила Шеќеринска, Мила Царовска и Никола Димитров, функционери кои по своите анкетни листови располагаат со милионски имот.

Наспроти привилегиите кои бесрамно ги користат овие потомци на црвената буржоазија, обичен работник во Република Македонија кој ќе остане без работа, може да зема само 50% од просечната нето – плата која што тој ја земал последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин.

Притоа, за да може работникот да земе надоместок по основ на невработеност, треба да се исполнат уште многу други услови, како на пример: работниот однос да не престанал со отказ од страна на работникот, со спогодба, со отказ од страна на работодавецот поради кршење на работниот ред и дисциплина итн.

Од друга страна, за министрите не се предвидени никакви услови, па така ним им следува 100 % од платата која што ја земале додека биле министри, а за министерување од 24 месеци, законот предвидува можност за земање на апанажа од 12 месеци. Додека пак, едно невработено лице за да земе надоместок по основ на невработеност 24 месеци, потребно е да има работен стаж од 25 години!

Воопшто не изненадува фактот дека ниту еден од овие министри во време на економска, здравствена и енергетска криза не се откажа од оваа привилегија, затоа што истите се и главни генератори и виновници на сиромаштијата, криминалот и класната раслоеност која владее денес во државата.

Пратениците на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесат предлог – Закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката – со цел укинување на апанажата, стои во соопштението на партијата.

Advertisement

Македонија

Проданоски: Св. Климент Охридски е светилник на нашето образование и традиција

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до православните верници и до сите сограѓани по повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото исклучително значење за македонската духовна, културна и просветителска традиција.

„Денес го славиме споменот на еден од најважните духовници, учители и просветители во македонската историја – светителот кој ги постави темелите на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го зацврсти македонскиот духовен и културен идентитет,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека богатото наследство на Св. Климент и денес е силен столб врз кој почиваат нашите образовни и духовни вредности, потсетувајќи дека неговото дело продолжува да инспирира генерации ученици, наставници и интелектуалци.

„Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба,“ порача градоначалникот, завршувајќи со традиционалната честитка:

„За многу години!“

Continue Reading

Македонија

Коњановски со честитка: Светиклиментовата мудрост да нè води кон подобро општество

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот државен и христијански празник Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна и културна традиција.

Во својата порака, Коњановски нагласи дека Македонската православна црква со особена почит го одбележува денот на својот патрон, нарекувајќи го Св. Климент „чудотворец, просветител и столб на македонската духовност“.

„Првиот македонски архиепископ и творец на Охридската книжевна школа остави длабока трага во просветителството, книжевноста и црковниот живот. Неговото дело е значајно не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет“, истакна градоначалникот.

Коњановски потсети дека Свети Климент со своето неуморно просветителско дело го образувал, просветлувал и облагородувал народот, поставувајќи силни темели на духовниот и културниот развој.

„Да продолжиме да делуваме во духот на хуманоста, разбирањето и меѓусебната почит. Светиклиментовото дело нека биде наша водилка во стремежите за создавање подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, порача тој, истакнувајќи ја и важната улога на битолските образовни институции кои го носат името на големиот просветител.

Градоначалникот ја заврши честитката со традиционалната порака:

„Нека е честит и вековит празникот Свети Климент Охридски.“

Continue Reading

Македонија

Следува многу потопол период – температурата ќе достигне до 17 °C оваа недела

Според најавите од УХМР, во текот на следната седмица Македонија ќе се соочи со необично топло време за декември. Дневните температури се очекува да се искачат до 17 степени Целзиусови, што ќе донесе значително затоплување и ненормално високи вредности за овој период од годината.

Според прогнозата, времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а во претпладневните часови по одделни котлини може да се појави магла. За викендот се најавува стабилен и сув метео-услов, без значителни врнежи.

Ова затоплување доаѓа по неколку денови со нестабилно време и температури над просекот — но новиот топол бран ги изненади граѓаните со необична реткица утринска отсутност на ладно.

Граѓаните се охрабруваат да ги искористат поволните услови за надворешни активности, но и да бидат подготвени за брзи промени во времето, како што е можна магла на ниски места или повремени ветрови во попладневните часови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг